
Се истражуваат телефоните на осомничените за поткупот во Платежната агенција
Уште не се знае дали ќе има проширување на бројот на осомничени.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, синоќа во интервју за ТВ Сител се осврна на истрагата за злоупотребите во Платежната агенција за која рече дека мора да се води брзо поради притворените лица.
За истрагата за злоупотреби во Платежната агенција за земјоделство, Коцевски посочи дека сè уште не е познато дали ќе има проширување на бројот на осомничени.
Во моментов, рече тој, се истражуваат телефоните на осомничените, од кои неколкумина се во притвор, а едно лице е во домашен притвор.
„Постапката мора да биде брза имајќи предвид дека се работи за притворенички предмет. Но, сè зависи од добивање на доказите, односно обезбедување цврсти и сигурни докази“,
додаде државниот јавен обвинител.
Во големиот криминален скандал во Плтежната агенција во протвор завршија пет лица меѓу кои и директорот на Плтежната Илија Стоилев.



