вести

Со мерките од програмата за рурален развој, обезбедуваме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини, велат од АФПЗРР

Претставници на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводени од директорот Николче Бабовски и заменик-директорот Авдул Селам Селами, одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и нејзините соработници. На состанокот, како што посочуваат од Агенцијата, се разговарало за подобрување на соработката на овие две финансиски институции, а биле разгледувани и повеќе прашања кои се од интерес на успешна имплементација на програмата за рурален развој, а воедно биле разгледувани и можностите за размена на информаци помеѓу овие две институции.

Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека единиците на локалнните самоуправи преку програмата за рурален развој, преку мерките обезбедуваат поквалитетен живот за граѓаните.

„Парите од мерката 321 можат да ги користат за поврзување на пат со регионален или локален пат од 5 до 7 километри, изградба на водовод и канализација, изградба и обнова на младински културни центри, добиточни пазари и друго. Преку мерката 322, средствата може да се искористат за реконструкција или изградба на селски улици, изработка на детални урбанистички планови, реконструкција или изградба на плоштади.  Со средствата од мерката 323, може да се градат патишта за поврзување со објекти од културно, или значање за животот на граѓаните, како и инфраструктурно поврзување со објекти од културното наследство, уредување на излетнички места и озеленување на површини покрај природни езера или магистрални патишта во рурални средини“, посочува Бабовски.

Заменик-директорот Авдул Селам Селами истакна дека согласно со правилата на повикот, финансиската поддршка е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ.

„Општините сами си го покриваат данокот на додадена вредност. Оние општини кои имаат започнати или веќе завршени проекти од претходни години и повици треба да го имаат подмирено данокот на додадена вредност“, изјави Селами.

Според директорката на УЈП, Сања Лукареска, пак, со помош на ваквите проекти, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса преку нови проекти повторно ќе се вратат кај граѓаните во форма на подобри услови за живот.

Со помош на овие средства се обезбедуваат нови капитални инвестиции за општините. Ќе се решат проблемите со патната и комуналната инфраструктура, а ќе се подобри и квалитетот на животот за граѓаните во руралните средини, посочуваат во соопштението од АФПЗРР.


 

makfaks.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close