fbpx
Без категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се намалува бројот на добиток и производство на месо, освен свинското

Согласно бројките кои ги објави Државниот завод за статистика, намалување кај бројноста на стоката има кај сите видови добиток, како и кај производството на месо, освен кај свинското месо.

Иселувањето, односно напуштањето на руралните средини, ниските откупни цени на производите добиени од фарма, зголемените трошоци и други причини придонесуваат за континуиран пад на бројот на говеда во земјава, а со тоа и на намалување на произведеното месо во нашата земја.

Податоците покажуваат намалување кај бројот на стока низ годините, а истото е забележано и минатата година. Согласно бројките кои ги објави Државниот завод за статистика, намалување кај бројноста на стоката има кај сите видови добиток, како и кај производството на месо, освен кај свинското месо.

–  Во 2021 година, бројот на сите видови добиток бележи опаѓање и во однос на 2011 и во однос на 2016 година. Производството на свинско месо и живинско месо е во пораст во 2021 година, споредено со претходните години, додека производството на овчо месо е во опаѓање – пишува во анализата на ДЗС.

 

Упатените посочуваат дека причините за континуираниот пад на сточниот фонд во земјава се многубројни, но за да биде проблемот уште поголем, додаваат дека истиот не може да се надмине без сеопфатен сет на мерки, и не очекуваат скорешно стабилизирање на состојбите.

  Намалувањето на сточниот фонд е комплексен проблем, многу аспекти придонесуваат за негово намалување. Да ја земеме само цената на млекото како пример. Цените во продавниците се многу повисоки отколку откупните цени по кои се набавува млекото од фармерите, кои со години се исти, ниски, недоволни за покривање на нивните трошоци. Дополнително влезните трошоци во фармите постојано растат, но цените на нивните продукти не ги следат тие поскапувањаИселувањето или напуштањето на руралните средини исто така има удел во намалувањето на сточниот фонд, нема кој да се грижи за живината во селата. Едноставно многу комплексен проблем, кој не може да се реши со една две мерки, туку потребни се систематски решенија за овој проблем – вели професорот од Факултлетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски.

Професорот Димитриевски за Фактор потенцира дека при тешки години како што е оваа, кога трошоците за фармите растат, но не и нивните цени, се случува брзо намалување на сточниот фонд, но неговото опоравување е многу споро.

–  Кога влезните цени во земјоделството се високи, а цените на продуктите не го следат растот, како што имаме турбуленции овој период, не можеме да очекуваме стабилизирање или зголемување на сточниот фонд. Не очекувам скорешно стабилизирање на состојбите со одгледувањето стока во земјава – потенцира Димитриевски.

 

Професорот укажува дека единствена светла точка во домашното сточарство е одгледувањето на свињи, каде има подобри бројки, поголем сточен фонд, и каде има доволно домашно производство на месо.https://faktor.mk/dobitochnoto-proizvodstvo-vo-sloboden-pad-bez-set-merki-nema-vrakjanje-na-domashnoto-proizvodstvo-na-meso

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close