fbpx
ВестиТоп вести

ЕУ одобри увоз на американска соја за производство на биогориво

Европската Унија прифати да увезува соја од САД за производство на биогориво, во обид да ги смири трговските тензии со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова е последица на разговорите што ги водеше претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, лани во јули во Вашингтон со шефот на американската држава.

– Американското семе соја ги задоволува техничките критериуми за биогориво во ЕУ, соопшти денеска Европската Комисија, и со тоа даде зелено светло за увозот на овој производ до јули 2021 година.

Според официјалните податоци на ЕУ, увозот на американска соја е зголемен за 112 отсто помеѓу јули и декември 2018 година во споредба со истиот период претходната година.

Со ова Брисел се надева дека ќе ги смири трговските тензии со американскиот партнер кој се заканува да ги зголеми царините врз европските автомобили. На 18 јануари, Брисел и Вашингтон се договорија да отворат трговски преговори за индустриски производи вклучувајќи ги и автомобилите. Земјоделските производи се исклучени од преговорите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close