fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Се откажува изградбата на 25 мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“

Со Нацрт-планот се дозволува реализација на четири хидроцентрали за кои се потпишани договори за концесија и кои се наоѓаат во зоната на одржливо користење.

Нацрт-планот за управување со НП „Шар Планина“ се предвидува откажување од изградба на дури 25 хидроцентрали и забрана за нови хидроцентрали во секоја од зоните на Националниот парк. Сепак, со Нацрт-планот се дозволува реализација на четири хидроцентрали за кои се потпишани договори за концесија и кои се наоѓаат во зоната на одржливо користење.

Еколошките здруженија, кои лобираа да не се градат мали хидроцентрали во националниот парк, очекуваат до финализирање на Планот дека ќе се изнајде решение со кое ќе се откаже и нивната изградба.

Сепак, се поставува прашањето – дали инвеститорите, кои веќе ги имаат концесиите, ќе се откажат и колку ќе побараат за откажувањето. Од Министерството за животна средина велат дека се преговара со нив. Од седумте концесионери кога лани беше прогласен националниот парк, три се откажале или постапката била прекината без барање надомест. Нема информација колкави суми побарале другите инвеститори за да се откажат од концесиите, или, пак, што ќе случи ако се нереални и ако не се постигнат спогодби.

Бернската конвенција лани препорача да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close