fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Досега откупени се 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари

78% од откупениот тутун е исплатен

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски денеска заедно со пратениците од прилепскиот регион и претседателот на Сојузот на тутунари, беше в во посета на Прилеп, при што посети неколку компании кои што откупуваат тутун од реколтата 2024 година.
При разговор со тутунопроизводителите, бев информиран дека се задоволни од постигнатата цена. И тоа 400-тини денари за првата класа и дополнителни 20 денари субвенција за првата класа и тоа достигнува вкупна сума од 500-тини денари.
Согласно податоците кои што ги добив од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари. И истиот се исплаќа со тековна динамика односно досега согласно податоците исплатен е околу 78% кон тутунопроизводителите.
Со оваа динамика за многу бргу од денеска ќе заврши откупот на тутун.
Ова е уште еден показател дека власта, Премиерот, Министерството се сериозни и посветени во делот да се врати македонското производство на пиедесталот.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close