fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се подигаат нови насади: карантинот донесе бенефити за овоштарите во Ресен и Преспа

Карантинот кој има за цел да спречи ширење на Ковид 19, донесе и низа бенефити за овоштарите во Ресен и Преспа. 

 

Љубе Пампулески, претседател на здужението на овоштари „Благој А. Котларовски“ од Ресен вели дека многу од овоштарите oвој период го искористиле за да темелно работат на своите насади. При тоа старите стебла се заменети со нови, а има и проширување на овоштарниците со насади на лешник, јагоди. Дури се оди и дотаму што луѓето сеат и житарици со цел да имаат храна доколку состојбата со коронавирусот продолжи.

„Луѓето сега имаат време да ги сработат сите оние работи кои претходно ги запоставувале, како прскање, замена на стари стебла кои имаат повеќе од 20 или 30 години. Има и мало проширување, така што засадени се површини со лешник, грозје, јагоди. Дополнително, бидејќи децата не одат на училиште, цели семејства работат во овоштарниците. Ова е нова и многу специфицична ситуација кај нас  и во светот, и воопшто во историјата. Сепак, освен негативната страна која донесе затворање на границите, има и позитивни ефекти. Секој се труди да сработи што повеќе и најдобро што може“, вели Пампулески. 

Тој се надева дека наесен границите ќе бидат отворени и протокот на стока ќе тече нормално. Целиот текст прочитајте го тука.

Извор:Фактор

Слични написи

Back to top button
Close