fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Проблематичен откупот на јагнињата заради ниските цени

Владата да излезе со интервентна мерка за доплата на разликата за да се откупи и извезе целото јагне предлагаат сточарите.

Предвелигденскиoт  шпиц на извозот на јагнето никако да се одблокира. Иако се најде решение за транспортерите за брзо минување на границите сега проблем се трговците кои ја користат состојбата за да откупуваат по 100 денари жива мера што ги револтира сточарите. Секој изминат ден е важен за да се реши овој проблем кој најмногу ги засега сточарите кои не можат да решат без поддршка од државата. Бараат итно решавање на проблемот со трговците и кланичарите за да не останат јагнињата не откупени. Тие се што имале храна и финансии ги потрошиле за да ги одгледаат јагнињата кои сега не можат да ги продадат бидејќи трговците  нудат цена од само 100 денари за килограм.

-Јас имав 750 јагниња. Дел пред месец дена се продадоа на 150 денари а сeга ми останаа 400 јагниња кои сакаат да ги земат за 100 денари. На таа цена нема да можам да опстанам да ги чувам овците и размислувам да ги продадам ако не се најде решение. Сакаат да не манипулираат бидејќи ако ги земат 100 денари има пласман и откуп а ако е за 130 -140 денари колку што бараме реално тогаш нема пласман. Имаме пријатели во Италија кои ни кажуваат дека таму се запишуваат по месарници за да дојдат до килограм јагнешко а нас тука ни кажуваат нема пласман. Веќе сме задолжени и по фирмите од кои земавме храна и не знаме како ќе издржиме ако не ни помогне државата за која го правиме ова производство. Јас и парите што ќе ги земам пак во оваа држава ги трошам рече Слободан Стојанов од село Лески Виничко.

-Последните 10-15 години не уништија со откупните цени на јагнето. Јас веќе сум сиромашен човек. Морам да одам во црвен крст да барам пари за лекови за моето болно дете и немам вреќа брашно да си купам а од каде да најдам пари за концентрат за јагнињата. Одам во шумата мов собирам и продавам за да купам храна за овците и сега не можам да ги продадам јагнињата, рече Глигор Миловски с. Митрашинци Беровско

Сточарите бараат итна владина мерка преку доплата на разликата меѓу откупната и производната цена бидејќи донесената мерка за зголемени субвенции за задржано женско јагне сметаат дека нема да помогне да ја пребродат кризата.

-Викаат ќе ни дадат зголемени субвенции за задржано женско јагне. Нас ни треба јагнињата да се откупат а ако е добра цената околу 180 денар јас сам ќе оставам повеќе женски јагниња за следната година а со цена од 100 денари не само што нема да оставам туку се размислуваме со фамилијата дури и да ги продадеме овците и да не правиме загуби. 60 тона храна имав своја и целата се потроши сега треба да купувам а пари нема од јагнето рече Сашо Чеперовски с. Митрашинци Берово

– Во ваква состојба кога не може да се најде решение со трговците бараме државата да се вклучи и да ја доплати разликата од откупната до реалната производна цена на јагнето и тоа бргу да се објави за да може да се откупи целото јагне. Друго чаре не гледаме рече Мирче Кировски с. Ратево Берово

Времето не е на страната на сточарите факт што го користат и откупувачите. Оваа криза предизвикана со корона вирусот треба да се најде начин да се надмине за да го задржиме сопственото производство на храна кое се покажува и во вакви кризи колку е важно да го имаме.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close