Во следниот период фармерите ќе можат да посетуваат и бесплатни обуки за одгледување на поледелски и фуражни култури, и за производство на кравјо млеко.
Во тек е избор на експерти кои со презентации и лични контакти ќе им помагаат на заинтересирани земјоделци.
Следниот месец ќе се постават и 6 агрометеоролошки станици во 6- те плански региони во Македонија, чии податоци ќе бидат обработувани од советниците на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, а земјоделците ќе имаат можност преку СМС пораки да добиваат информации за очекуваните временски услови со препораки за евентуално третирање со пестициди.
Доколку овој Проект од страна на корисниците биде оценет како ефикасен, се планираат уште 30 дополнителни агрометеоролошки станици.