fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Се прави сè за да се превенира чумата на мали преживари

Според директорот на АХВ, Оливер Миланов

Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности, е резултатот на проектот „Подобрена контрола на болестите кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна“, што се спроведува од април 2022 година, а чиј главен корисник е Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според директорот на АХВ, Оливер Миланов, преку проектот се развиени и сеопфатни планови за контрола и искоренување на приоритетните болести во соработка со приватните ветеринари и Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје со фармери.

-Проектот придонесе и за зајакнување на голем број капацитети од областа на безбедноста на храна, како што се областите кои се однесуваат на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, новел храната, законодавството и контролите на медикаментозната добиточна храна, зајакнување на инспекциските служби и други области од надлежност во работењето на АХВ, посочи Миланов.

Тој посочи дека ќе направат се за превенција од чумата на мали преживари што првично се појави во Романија, а оттаму се префрли во Грција каде на 5 август имаше петунизација на 15 илјади грла кои беа уништени.

-Имавме прелиминарен состанок со Ветеринарната комора, со производителите, со фармерите, со Ветеринарниот факултет, со стручните лица кои се од АХВ, а претходната недела имавме состанок и со одредени градоначалници во пограничниот дел со Грција кои ни овозможија канцеларии каде што можевме да одржиме состаноци со ветеринарните друштва – објасни Миланов и дополни дека стручни екипи биле пратени на терен за превенцијата и спречувањето на внесот на болеста мали преживари во Македонија.

Раководителот на Секторот за операции при Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин порача дека иако ова е завршен настан сепак не сака да го смета како крај на нешто, туку, како што рече, допрва сега треба да почнеме да работиме на темите од проектот кој ќе овозможи да се зголемат капацитетите за безбедност на храната и ќе ја подобри стартната позиција на земјава за почеток на преговорите со Европската Унија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close