Се продолжува рокот за апликација за програмата ИПАРД-3 за земјоделците
Наместо на 28 мај понудите може да се поднесуваат до 12 Јуни 2024 година.
Поради големиот интерес за аплицирање на јавниот повик како и доставени барања од преработувачки асоцијации за продолжување на рокот за поднесување на барања заради ново воведените критериуми во ИПАРД 3
наспроти ИПАРД 2 Програмата како и заради големиот број на неработни денови во изминатиот период, Платежната агенција во интерес на крајните корисници како и во интерес на поголема апсорпција на средствата од Програмата, одлучи да го продолжи рокот за поднесување апликации на јaвниот повик. Продолжувањето на рокот е за дополнителни 15 дена, со што наместо на 28 мај понудите може да се поднесуваат до 12 Јуни 2024 година.
Ова е втор оглас за новата ИПАРД 3 програма откако целосно беа исцрпени средствата од ИПАРД 2. На првиот оглас имаше буџет од 30 милиони ерва а заради огромниот интерес пристигнаа над 1100 барања со вкупно побарување од 96 милиони евра додека на вториот оглас кој е во тек и кој главно наменет за конзервните индустрии за преработувачите на вино на овошје и зеленчук за млечкарниците и кланиците на распогање се 14 милиони евра. Покрај за ипард од платежната агенција соопшти дека е во период од 10 мај до 1 јули ќе можат да поднесат барања за субвенциите за 2024 година за растително производство, со поледелски и градинарски култури, за одржување на овошни и лозови насади како и за површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал и за органско производство. Исто така се поднесуваат и барања за сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица.