Се развива винскиот туризам

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Винскиот туризам во последните години станува се поактуелен.

se razviva vinskiot turizam

 

Тиквешкиот регион кој изобилува со лозови насади е оној кој е најпрепознатлив по производство на вино кај нас. Пријатни домаќини кои раскажуваат за приказната поврзана со процесот на создавање на виното е она што ги привлекува домашните, но и странските туристи да ги посетат бројните винарии во Тиквешијата.

Локацијата на винариите, вели Маја Јанчева, менаџер на туризам, дополнително придонесува тие да бидат примамливи за посетителите.

Покрај тоа што овој регион е препознатлив по винскиот туризам и бројните винарии, тој е интересен за посетителите и поради автентичните локации, градби и историско-културни обележја.