fbpx
ВестиТоп вести

Одржана дводневна Работилница за болести кај аквакултурата

          

Со цел дополнување на знаењата и компетенциите на докторите по ветеринарна медицина за аквакултура и планирање на понатамошни форми за континуирана едукација, Ветеринарна комора на Р.С.Македонија на 6-7 Февруари во Хотел Континентал, во соработка со АХВ организираше Работилница за болести кај животни од аквакултура.

На работилницата своите знаења и искуства од оваа гранка од оваа област ги пренеса домашни и странски експерти. За епидемиологијата, дијагностиката и клиничката слика на болестите кај пастрмките, Проф.д-р Стојмир Стојановски од Јавната научна установа Хидробиолошкиот завод – Охрид, изведе практична вежба на која беше објаснет и начинот на земање и дистрибуција на мостри. За епидемиологијата, дијагностиката и клиничката слика на болестите кај крапот своја презентација имаа Проф.д-р Христо Даскалов и Доц.д-р Петја Орозова од Национален дијагностички научно-истражувачки ветеринарномедицински институ т “д-р Г.Павлов”-Софија, Р.Бугарија.

         

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираа обврските согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а се дискутираше и за законската рамка за производство и ставање во промет на аквакултура, биосигурносните мерки како и пристапот во оваа област од аспект на ветеринарното јавно здравство. На крајот од работилницата 62 доктори по ветеринарна медицина успешно го поминаа тестот за проверка на знаењето стекнато во текот на работилницата за болести кај животни од областа на аквакултура и се стекнаа со соодветен сертификат.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close