fbpx
ВестиСовети

Се реконструира доводниот  цевковод од 5-те чешми  во атарот на с.Градешница и с.Старавина

 

Општина Новаци започна со имплементација на основниот проект Реконструкција на доводен цевковод од “5-те чешми “ во должина од 13 км . Вкупната инвестиција е во вредност од 1.920.000 денари , средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање во висина од 1.500.000 денари  а остатокот од Буџетот на Општина Новаци  .Инвеститор е Општина Новаци а најповолен изведувач за извршување на градежните работи  избрана е фирмата ЗИМАК ДООЕЛ-Битола .

Станува збор за изворот “Петте чешми”и четирите извори  од кои со вода се снабдуваат 4 села во Мариовскиот крај и тоа с.Старавина , с.Градешница , с.Будимирци и с.Зович. Со реконструкцијата ќе се  изврши санација  на доводниот цевковод во должина од 13 км од самиот извор  па се до приклуцочите  во  4-те села .Овој цевковод е изграден во 1999-2000 год   со капацитет на сите извори од 6л/сек. Меѓутоа поради лоши временски услови, поројни дождови  кои се сливаат во суводолиците и реките  како и дотраени  цевки ,видливи се постојани оштетувања на  главниот цевковод  кој е причина за немањето на вода во 4-те села поготово во летниот период кога е најпотребна за населението и за потребите  на сточарството .

Недостатоците кои се појавуваат  во текот на експлоатацијата на овој доводен цевковод  се оштетувањата на ПВЦ  цевките  кои се заменуваат со нови .Се врши санирање и расчистување на теренот и расчистување на камења и вегетација  како и изградба на бетонски праг на сите премини преку суводолиците и реките со цел заштита од директи оштетувања на цевководот .

Со реконструкцијата на овој цевковод ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите од 4-те села со што ќе се обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници  во текот на целата година .

Перспективата од реконструкција на овој водовод е во обновувањето на сточарството во овој регион како и надминување на проблемите со водоснабдувањето  на локалното население  кое останало да живее тука.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close