fbpx
Вести

Се уште слаб интересот за осигурување на земјоделските посеви

Уште една недела земјоделците ќе можат да ги осигураат насадите од штети предизвикани од раните мразеви. И покрај тоа што температурните разлики во овој период од годината се неповолни, интерес за осигурување нема.

se ushte slab interesot za osiguruvanje na zemjodelskite posevi

 

Живата во термометрите може да се спушти и до критичните точки, што е опасно за овошките во фаза на цутење, а мразот може предвреме да им го обере родот на земјоделците, сепак во овој реон интерес за овој вид на осигурување нема.

Не е голем интересот ниту за осигурување на производството на отворено, велат во една штипска осигурителна компанија. Затоа се предвидени новитети за укинување на лимитот на површините кои може да се осигураат. Наместо во хектари, утврдена е друга методологија за осигурување на посевите.

Од осигурителните компании велат дека годинава очекуваат поголем интерес кај земјоделците за осигурување на посевите од град и други непогоди. Лани во штипско-карбинскиот регион за 20% беше зголемен бројот на издадени полиси за осигурување, со 60% кофинансирање на трошоците од државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close