fbpx
Вести

Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна

Реномирани научници од 26 земји, претставници на универзитети, институции и компании, ќе бидат дел од третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна во Охрид што го организира Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) по повод јубилејот – 70 години постоење.

Во рамки на научниот собир што официјално почнува утре, а ќе трае до сабота, ќе бидат претставени вкупно 386 трудови, а ќе се одржат и 39. Средба Факултет – Стопанство, 9. Симпозиум за градинарство и цвеќарство, 6. Симпозиум за лозарство и винарство, 11. Меѓународна конференција на Здружението на агроекономисти на Република Македонија и 39. Средба на Здружението за заштита на растенијата на Република Македонија.

– Симпозиумот на едно место ќе собере експерти од областа на земјоделството и производството на храна за да се претстават резултатите од тековните истражувања, да се поттикнат дискусии, соработка и натамошна истражувачка работа, информираат од ФЗНХ.

Според Факултетот, од собирот се очекува и јакнење на соработката меѓу универзитетите, институциите и агро-бизнис секторот.

На свеченото отворање утре, најавени се обраќања на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Јакимовски, на деканот на ФЗНХ Вјекослав Танасковиќ, како и на претседателот на Организацискиот одбор на Симпозиумот Драги Димитриевски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close