Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Ќе имаме систем за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи
ЗА ТУТУНАРИТЕ!!!Системот за следење и контрола на тутунски производи, според информацијата од Министерството, има за цел да обезбеди следење и контрола на тутунски производи во сите фази на нивното движење, од производството, преку фазата на дистрибуција, до првото малопродажно место, наведоа од владината прес-служба.
Владата, на денешната 129-та седница, на предлог на Министерството за финансии, ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување Систем за следење и контрола на тутунски производи и на Систем за следење и контрола на нафта и нафтени деривати – „Track&Trace“, со препораки за начинот на имплементација во Република Северна Македонија.
– Системот за следење и контрола на тутунски производи, според информацијата од Министерството, има за цел да обезбеди следење и контрола на тутунски производи во сите фази на нивното движење, од производството, преку фазата на дистрибуција, до првото малопродажно место, наведоа од владината прес-служба.
Оттаму додадоа дека системот, „Track&Trace“, за тутунски производи, во Европската Унија е регулиран со директива и регулативи коишто се задолжителни за примена во земјите членки на Европската Унија и со коишто се имплементирани одредбите од Протоколот за елиминирање недозволена трговија со тутунски производи на Светската здравствена организација.