fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Се вратија старите цени на полисите за осигурување

Дали ќе ги вратат парите на граѓаните кои плаќаа поскапи полиси?

Се вратија пониските цени на полисите за осигурување. Владината одлука е објавена во Службен весник попладнето на 7 мај, а намалените цени осигурителните компании почнаа да ги применуваат од денеска.

Дали ќе ги вратат парите на граѓаните кои плаќаа поскапи полиси изминативе две недели  – се уште немаат став. Дополнително ќе ги консултирале правниците, но неофицијлано велат дека нема ни начин, ни основ за враќање на парите.

Процесот би бил сложен, затоа што полисите се продавале прегу агенти, на кои им плаќаат од 20 до 40% од вредноста на полисата.  Но, ако некое осигурително друштво сака, може да им ги компензира парите во полисата за следната година.

Сепак, конечен став Групацијата на осигурителни компании, најавија за следниве денови. Од Асоцијацијата за супервизија на осигурувањето велат дека неделно во просек се регистрираат околу 10 илјади автомобили. Но, заради празниците и изборите, од 25 април до денеска бројката на граѓани кои платиле од 840 до 1,600 денари повеќе би била таа.

И додека се чека официјалниот став од Групацијата, реагираа само од Комората на Серозападна Македонија, кои велат дека:

– Амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобилите, што е спротивно на acquis на ЕУ.

Од комората додаваат дека со донесенатa одлука од страна на Комисјата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close