Шеготека …со Без навреда
Конзерва
Во морето весело пливало семејство сардини. Наеднаш здогледале подморница. Најмалата сардина се исплашила и се сокрила зад мајка си.
– Не се плаши, – и’ рекла мајка и’ – тоа се само луѓе во конзерва.
***
Нека си се брани
– Што ќе направиш ако мечок ти ја нападне жената?
– Ништо. Сам ја нападнал, сам нека се брани.
***
Априлилили
Први април. Зоки Поки трча кај мајка си и вели:
– Мамо! Мамо! Некој непознат човек отиде на гости кај комшивката и сегаааа, уф уф уф !
– Леле! Ужас!!!
– Априлилиииии… Само се шегувам мамо, не е непознат, тато е!
***
Интелектуалци
Тројца полицајци се обидуваат да водат интелектуален разговор. Првиот вели: – Еј, абре знаете ли дека на Марс има суштествени? Вториот малку се подзамислува и додава: – Тоа според мене се само хипотенузи. Третиот намуртено вели: – Јас мислам дека вие двајца сте апсолутно импотентни да зборувате за ова прашање.
***
Полициска потера
Полиција по потера, успева да застане еден возач.
Полицаецот излегува од возилото и му се обраќа на возачот:
– Одамна не сум се забавувал вака добро. Ќе те пуштам само ако имаш добар изговор.
На тоа возачот му одговорил:
– Жена ми пред три недели ме остави за еден полицаец. Кога го видов вашиот автомобил, се преплашив дека сака да ми ја врати!
***
Среда
Нов затвореник штотуку пристигнат во затворот. Чуварот го теши:
– Мирно и пополека! Што се десет години, нема ни да почувствуваш како ќе летнат. Тука животот баш ни е возбудлив. Секој ден е со разна тематика. Понеделник е ден за фудбал. Сите трчаме по топката во дворот. Ти сакаш ли фудбал?
– Паа, не. Не го сакам спортот.
– Ех, добро. Вторник ќе ти се допадне – тогаш играме карти, шах, што сакаш. Сакаш ли карти?
– Неее, не играм карти!
– Добро де, ете среда е ден за сeкс. Ти сeкс со жени ли сакаш или со мажи?
– Со жени!
– Ееее, тоа значи и средата нема да ти се допадне…
***
Кандидат
Го прашуваат кандидатот за избори:
– Зошто се кандидиравте?
– Како зошто? Не гледате ли што се случува наоколу? Власта тоне во раскош, корупција, безделништво…
– И вие сакате да се борите против тоа?
– Не, сакам и јас да бидам дел од тоа.