Корона
Прашуваат Влав:
-Како е кај вас, има ли корона?
-Има корона, ама колку за нас!
Месеци
Го прашуваат Стојанче на час:
-Ајде наброј ги месеците во годината.
-Јануари, февруари, карантин, декември.
-Седи, петка.
Сите мажи се исти
Разговараат две пријателски:
-Да ти кажам право сите мажи се исти.
-Па, ако се исти оти се мажеше пет пати?
-Па, маче платите им беа различни.
Грав или ракија
Трпе ја прашува Трпана:
– Жено, што имаме за ручек денес?
– Тавче гравче.
– Пак! Не можам секој ден да јадам грав!
– Е да бе, а иста ракија можеш да пиеш секој ден?!
Алиби
Полицијата истражува:
-Имате ли алиби за време на убиството?
-Што е тоа алиби?
-Па некој да ве видел тоа време…
-Фала му на Бог никој не ме виде!
Лекот е кај докторот
Трпе ја носи Трпана на доктор.
Трпана му се жали на докторот дека немала секс со години.
Докторот имал секс со Трпана пред Трпе и му вели:
– Е ова и треба на жената, 3 пати неделно.
Трпе замислено одговара:
– Докторе, во понеделник и среда можам да ја носам, ама во петок сум со другарите на фудбал…
Крштевка или развод
Крштеваат маж од околу 40 години. По едно време попот вели:
– Одговори три пати. Се откажуваш ли од сатаната?
Мажот се врти кон попот:
– Дедо Попе, ти ме крштеваш или ме разведуваш?!
Нашата свадба
Димче гледа телевизија и коментира на глас:
– Не оди таму бе! Пу бе, глуп!
– Драги, што гледаш, пак фудбал?
– Не нашата свадба.