fbpx
ВестиСовети

Сеидба на пченка

pcenka

Пченката треба да се одгледува во плодоред. Плодоредот како огромерка во интензивното производство овозможува ефикасна борба против плевелите, штетниците и болестите. Пченката како окопна култура може со успех да се одгледува по секоја култура, до колку интензивно се ѓубри и се наводнува.

Основната обработка треба да се изврши на длабочина од 30-40 см до Октомври, но доколку постојат услови за обработка во текот на зимата подобро е таа да се изврши, отколку да се остави за пролет. До колку од оправдани причини се врши во пролет, треба да се пристапи што порано, штом се потсуши почвата и истата се ора поплитко.

Ѓубрењето е важна мерка во производството на пченката бидеќи таа произведува голема количина на органска маса. Минералното ѓубривo се користи како основно, стартно и за прихранување. За принос на хибридната пченка од 1о т/ха, во почвата треба да се внесат во вид на ѓубриво следните количини на основните хранива: Азот 120-180 кг/ха, Фосфор 70-120 кг/ха и Калиум 40-120 кг/ха. Дали ќе се внеси помала или поголема количина, зависи од многу фактори а особено од типот на почвата, што значи потребно е да се направи анализа на почвата. Основното ѓубрење се врши пред орањето, а стартното за време на предсеидбената обработка. Целокупната количина на фосфор, калиум и дел од азотот, или 60-70% од овие ѓубрива се внесуваат пред орањето, а помал дел за време на предсеидбената обработка. Остатокот од азотот се внесува со предсеидбената обработка и со прихранувањето.

За да се изврши сеидбата квалитетно, потребно е навремено и квалитетно да се изврши предсеидбената обработка. Почвата треба да е добро иситнета и рамна.

Сеидбата е комплексна агротехничка мерка, а грешките направени во сеидбата неможат да се поправат. Оптималното време за сеидба се одредува во зависност од температурата на почвата и времето на последните пролетни мразеви. Минималната температура на почвата треба да биде над 10оС на длабочина на која се врши сеидбата. Во наши услови заради различниот рељев и клима во различни подрачја, како оптимален период за сеидба се смета од средината на Април до средината на Мај. Во овој период се сеат хибриди со подолга вегетација, а кога сеидбата доцни, треба да се изберат хибриди со покуса вегетација.

Сеидбата се врши на меѓуредово растојание од 70 см, а во редот во зависнос од потребниот број на растенија по ха.

ФАО група

Растојание во редот во см.

Број на растенија по ха

100

16-20

70-90.000

200 i 300

18-22

65-80.000

400 i 500

22-28

50-65.000

600 i 700

26-35

40-55.000

До колку сеидбата се врши рано и при нормална влажност на почвата, се сее на длабочина од 4-5 см, а при доцна сеидба на 6-7 см, бидејќи горниот слој на почвата е сув и нема доволно влага за никнење.

За заштита од нај честите земјишни штетници (телени црви, совица) се користат земјишни инсектициди (Volaton G-5, Durzban, Posse 25 EC и др), а после никнење за сузбивање на совицата и други штетници се врши фолијарно третирање со инсектициди.

Како широкореден посев, пченката има големо растојание меѓу редовите и

растенијата во редот. Во првите фази на развојот, пченката споро расте при што тоа му годи на плевелите да растат и да се развиваат. Со примената на хербициди, на пченката му овозможуваме да расте и да се развива без конкуренција на плевелите.

Сузбивањето на плевелите со хербициди може да се врши по сеидба пред никнење (Dual Gold 960 EC, Frontier 900 EC, Racer 25 EC, Akris и др.) или по никнење во вегетација ( Stelar, DMA extra 600SL, Motivel, Stomp 330E, Deherban, Dikocit и др.)

До колку сеидбата е извршена во сува почва се врши валање, со цел да се воспостави подобар контакт на семето со почвената влага, а до колку се појави покорица по сеидбата истата треба да се разбие.

Ако сеидбата не е извршена на директно растојание, се врши проредување за да се отстранат поголемиот број на растенија од посакуваниот склоп.

Култивирањето се врши со цел да се уништат плевелите и да се одржи површинскиот слој на почвата во ровкава состојба. Обично се вршат две култивирања, а се почнува кога пченката има 2-3 лисја, и се врши се до формирање на 7-9 лисја.

Прихранувањето со планираната количина на азот, најчесто се врши 1-2 пати, со култивирањето. До колку се вршат две прихранувања, првото се врши во фаза кога пченката има 2-3 лисја, а второто во фаза на 7-9 лисја.

Култивирање со прихранување

Наводнувањето е една од најважните мерки за добивање на високи приноси. Бројот на наводнувањата и заливната норма зависат од количината на врнежи и фазата на развој на пченката. Во почетокот заливната норма е помала од 25 до 30 мм, а подоцна, во фаза на појава на репродуктивните органи од 50 до 60 мм. Наводнувањето може да се врши со: бразди, вештачки дожд или систем капка по капка. Капковото наводнување дава одлични резултати, бидејќи при истото може да се врши прихранување во повеќе наврати и во подоцна фаза.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

 

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close