Сеидбата на житни култури со меркантилно семе, од 2018 нема да се субвенционира
Половина од земјоделците во штипско, кои годинава конкурираа за субвенции пополниле и барање за дополнителна финансиска поддршка од 3.000 денари за единица хектар, за употреба на сертифициран семенски материјал – информираа од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип.
Годинава за субвенции се пријавија 2.200 земјоделци.
Употребата на сертифициран семенски материјал има низа предности. Пред се разликата е во квалитетот и приносите кои можат да бидат повисоки до 30%.
Сеидбата на житни култури со „меркантилно” или оставено семе, од 2018 нема да се субвенционира – најавија надлежните од Министерството за земјоделство. Примената на добрата земјоделска пракса, меѓу кои спаѓа и употребата на сертифицирано семе за сеидба, е услов кој земјоделците треба да го исполнат за да аплицираат и добијат субвенции.