fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Секој трет тендер се поништува поради немање понуди или неприфатливи понуди

Од анкетирани 296 фирми во февруари годинава, за дури 77 отсто од нив „најниската цена“ како критериум за избор е најчестиот проблем со кој се соочуваат во јавните набавки.

60 проценти од фирмите признале дека постои меѓусебно договарање на тендерите, а 47 отсто од нив сметаат дека постои корупција во јавните набавки, а исто толкав процент се изјасниле дека не се жалат на тендерите зошто немаат доверба во Државната комисија за жалби по јавните набавки. Оваа анкета е спроведена во рамки на Извештајот од мониторинг на јавните набавки изработен од Центарот за граѓански комуникации.

„ Како сумарен заклучок од најновиот извештај сметам дека проблемите во јавните набавки се навстина големи и сериозни и дека на многу нивоа се потребни итни мерки за подобрување на ефикасноста и системот и намалување на корупцијата во јавните набавки, од институционално ниво, на ниво на раководители на инстуциите, до луѓето кои ги спроведуваат јавните набавки до понатаму инстуциите кои се задолжени за контрола,Герман Филков – Центар за граѓански комуникации.

Извештајот покажува дека 33 проценти или секој трет тендер кој бил спроведен во втората половина од минатата година бил поништен. Овој процент е највисок во последните неколку години, а најчеста причина за поништувањето на тендерите било тоа дека понудите биле неприфатиливи или воопшто ги немало.

Гледано на ниво на институции, според Извештајот, најголем број поништени тендери има АД Електрани, 331 тендер, што е удел од 59 % од вкупно огласените тендери. На второ место е Министерството за одбрана, со делумно или целосно поништување на 67 % од тендерите. На трето место е ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ Скопје.https://kanal5.com.mk/ckg-sekoj-tret-tender-se-ponishtuva-poradi-nemanje-ponudi-ili-neprifatlivi-ponudi/a481370

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close