fbpx
ВестиТоп вести

Технички проекти за бачила

Сточарите кои сакаат да изградат мандри за производство на сирење или да ги модернизираат старите можат да добијат готови бесплатни технички проекти за нивна изградба. Со овие проекти понатаму може да се аплицира за добивање на средства од европската ИПАРД програма.

Овчарите и козарите се најзаинтересирани за бесплатните технички проекти за инвестиции во мандри за производство на традиционални видови на сирење. Во овие проекти имаат на располагање целосни пресметки за објектот и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката мандра.

Документацијата може да се подигне во Министерството за земјоделство.

Во техничкиот план се предвидени простории за прием на млекото, негова преработка и помошни простории за чување и складирање на производите и за вработените.

Финансиската вредност на градежниот дел е скоро 40.000 евра, но сточарот може да побара кофинансирање од ИПАРД програмата, а доколку објектот го изгради на повисока надморска височина од 750 метри може да му се вратат до 75 проценти инвестицијата односно 30.000 евра.

Доколку користи банкарски кредит со каматна стапка која не е поголема од 8 проценти може да побара и субвенционирање на каматата од 50 проценти.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close