СЕМЕ, ПРИПРЕМА ЗА СЕЕЊЕ И РАСАДУВАЊЕ

(Oвој напис е објавен на: February 21, 2019)

Во повеќето пластеници производството на домати зависи од хибридните видови. Овие семиња се произведени од специјализирани семепроизводители и се продаваат од комерцијални претпријатија. Предноста на хибридните семиња е во тоа што тие имаат многу голема сила, добра униформност, висока продуктивност и висок квалитет. Отпорноста кон болести исто така е одгледана во овие видови. Одгледувачите треба да купуваат семиња само од реномирани производители и спакувани во запечатени пакетчиња. Етикетата треба да содржи информации за видот, сортата на семето и правилното чување на семето.

Производството на расад, честопати ни се претставува и како пресадување и е многу важна операција, а како идно растение, растот на расадот и плодоносењето дирекно се условени од карактерот на расадот што е произведен.

Денес повеќето од расадот за домати кои се произведуваат за продажба на пазарите се одгледуваат во клинови и се вкоренуваат во посебен медиум за раст, кој што е органски, тресет, вермикулит (ѓубре од калифорниски црви) . Добар расад-растение е она растение кое што нема никакви болести или штетници и стебленцето има развиено од 3 до 5 листови. Има добро развиен коренов систем, со многу добра цврстина со медиумот во кој расте во клинот од гајбата-саксијата, па кога ќе се извади расадот од клинот од саксијата и се пренесе на полето за садење тресетот во кој е вкоренет расадот останува околу самите коренчиња.

Саксии со отвори од 1,25до 1,5” (инчи) или од 3.3 до 3.8 cm на ќелиите (клиновите) се користат најмногу за производство на расад за домати. Расадот се одгледува во комерцијални јасли кои се специјализирани за производство на расад. Генерално земено потребни се од 25 до 50 дена од сеидбата па до испораката, во зависност сезоната и од климатските услови. Расадот треба да се насади во рок од 24 часа откако ќе се извади од јаслите. Навременото рано расадување им овозможува на растенијата подобри услови за раст на новото поле каде што ќе растат.

Расадот кој што се добива од комерцијални јасли за расад се пакува во картонски кутии и се чува на сенка во посебни простории каде што е заштитен од инсекти се додека не се насади. Расадот од домати се сади на претходно наводнета површина, коренот од расадот треба да биде секогаш прав и вертикален кога се сади и не смее да се свиткува кога се става во земјата и комплетно покрива со земја. Џебовите од воздух кои настануват со садењето се истискуваат со претискање на земјата околу коренот со раце или со мистрија. Расадот треба да се полее со вода нежно еден до два часа по садењето.

Квалитетен расад взаемно со правилно садење гарантира сигурно и компактно сврзување на растението со неговата нова средина и не осигурува дека растот и развојот на расадот нема да се одложи. Доколку расадот се сади во жежок и топол ден, клинот ( коренот од расадот) треба да се натопи (навлажни) во вода пред да бидат посадени.

РАСТОЈАНИЕ И ГУСТИНА ПОМЕЃУ РАСТЕНИЈАТА КАЈ ДОМАТОТ

Растенијата – корените од домати во пластениците се одгледуваат во дупли редови, кои овозможуваат оптимален раст, осончување и аерација, со широки патеки помеѓу редовите заради полесен пристап на работниците. Растојание од 170 до 185 cm помеѓу два дупли реда од центар до центар е потребно, а ширината на просторот треба да се адаптира споредбено. Пластениците кои се продаваат во Израел немаат унифицирана ширина на просторот, па ширината на просторот се адаптира спрема бројот на дупли редови. Растојанието помеѓу расадот во редовите се определува споредбено и не треба да биде помало од 40 cm. Високо производство се постигнува со околу 20,000 до 25,000 растенија на хектар. Повеќе растенија на хектар не значи и дека ќе го зголемат приносот. Плодовите ќе бидат мали и подуени и со бледа боја, а и ќе биде зголемена веројатноста од болести поради зголемената густина.

Со цел да се зголеми осончувањето кое што навлегува во редовите помеѓу растенијата и во вертикала, растојанието помеѓу дуплите редови би требало да биде 50 – 60 cm во основата на растенијата. Ова растојание може да се одржува со прицврстување на жица на истото растојание или незначајно пошироко, на внатрешната рамка од пластеникот. Најдобра положба за дупли редови е по еден ред на секоја страна од крајните столбови, а другите редови се формираат спрема ширината на просторот. Оваа позиција е прикладна за сите агро-технички мерки и активности во пластеникот.

Прегради за чистење за подобрување на вентилацијата

Заштитните мрежи за инсекти кои се инсталирани на ѕидовите на пластеникот и на кровната вентилација, на себе акумулираат големи количества на прав, која се лепи на самите нишки од мрежата и со тоа ги блокира (затвора) отворите на мрежата низ кои што отвори влегува воздухот во пластеникот. Со цел да се подобри и зголеми протокот на воздух во вентилацијата низ мрежата, многу е важно да се отстрани акумулираната прав од отворите на самата мрежа секогаш кога истите ќе се затнат.

Мрежата може да се измие со прскање со вода од внатрешноста на пластеникот кон надвор, и од горе надолу. За оваа цел може да се користат прскалки под висок притисок на кои има монтирано специјален пиштол, а исто така се користи и обично црево од чешма со соодветен приклучок за прскање, затоа што прскалките под висок притисок можат да ја оштетат мрежата.

Заштитна покривна фолија

На есен кога деновите се пократки и времето е облачно, правта и варта кои се користат за засенчување, треба да се отстранат од покривната фолија, со цел да се зголеми прозрачноста на сончевите зраци во пластеникот. Одложувањето на оваа операција дирекно го намалува квалитетот на приносот. Чистењето на фолијата треба да продолжи и во текот на зимата, со цел да се осигураме за рамномерна прозрачност и максимално осончување во текот на зимата во пластеникот. Покривната фолија може да се испере со вода и со четка со цел механички да се отстрани правта од самата фолија. Чистењето на кровот и покривките ја зголемува фотосинтезата, резултирајки со повисок принос и подобар квалитет.

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button