fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Семејна винарија “Друм” во Виница добитник на грант од 10.000 евра

Младиот и вреден Бобан заедно со неговиот татко произведуваат убаво домашно македонско вино од сопствени лозови насади. Винаријата "Друм" е одличен пример за искористеност на мерката преку Програмата за финансиска поддршка на малите производители на винарии.

Ја посетив малата семејна винарија “Друм” во Виница. Младиот и вреден Бобан заедно со неговиот татко произведуваат убаво домашно македонско вино од сопствени лозови насади. Винаријата “Друм” е одличен пример за искористеност на мерката преку Програмата за финансиска поддршка на малите производители на винарии.
Добитници се на грант од 10.000 евра со кои средства си набавуваат ферментатори од по 5 тона, и си го олеснуваат производството. Доказ дека мерката за малите семејни винарии е успешна, е и фактот што од 2019 година имаме регистрирани над 100 винарии, не само во Тиквешијата туку низ цела Македонија. Ланската година 59 апликатни го остварија правото и добија грантови од 10.000 евра.
Токму затоа ја продолжуваме поддршката за развој и модернизација на малите семејни винарии.
Ве повикувам сите заинтересирани да се приклучите кон семејството успешни мали семејни винарии и да аплицирате на отворениот јавен повик за финансиска поддршка на мали производители на вино, објави министерот Љупчо Николовски кој заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски беа во посета на винаријата.
Линк до повикот: http://bitly.ws/B5Wx
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close