fbpx
ВестиМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Економски (не)зависни жени со потенцијал за претприемништво кој го носат во своите гени

Економски (не)зависни жени со потенцијал за претприемништво кој го носат во своите гени

Родовата еднаквост во земјоделскиот сектор споредено со останатите дејности и сектори можеби е најголема. Ова најмногу може да се воочи кога се извршуваат земјоделските активности.

Мажите и жените како никаде на друго место заеднички, рамо до рамо, извршуваат најразлични активности. Не е чудно ако видите жена како управува со трактор и извршува различни работи. Не е чудно ако видите како жена ја одржува хигиената во шталата или пак ги режи овошките. Но, чудно е да видите жена на вечер пред „коперација“ (бидејќи тоа не е за жени, а уште почудно ако видите маж в кујна да готви, бидејќи кујната, нели, е предодредена само за жените). Дали е тоа менталитет или некои традиционални норми, не знам.

Сите овие работи во руралните средини се сметаат како нормални и за нив воопшто не се разговара. Ако подобро се анализира работата на жената и нејзиниот претпримaчки дух слободно може да се каже дека секоја жена има потенцијал за претприемништво, но таа самата себеси не се гледа како претприемач, бидејќи целиот труд и енергија кои ги вложува и се насочени за да ги задоволи потребите на членовите на своето семејство, ставајќи се себеси секогаш во втор план.

Таа е целосно посветена на своето семејство. Да ги израсне своите деца и да ги „извади на еден пат“, за тие понатаму да продолжат по патеката наречена „живот“. Токму затоа, за да може да излезе на површина и повеќе да биде искористен тој нејзин потенцијал потребно е многу повеќе од вложување во семејството. Едукацијата би требало на овој план да направи свој потег. Секоја чест на исклучоците, но најголем дел од руралните жени имаат основно образование. Оние со повисок степен на образование бараат работа во други дејности, а земјоделието го прифаќаат како дополнителна дејност или пак го напуштаат.

Патријархалната структура, локалните обичаи, културните и традиционални општествени норми сѐ уште придонесуваат за лошата социо – економска положба на руралните жени. Во споредба со минатото, денес животот во овие средини е значително поинаков, но далеку е од некоја рамноправност со мажите. Економската (не)зависност е најголемата причина, но ги има и оние поврзани со основните  човекови права.

„Зелена берза“ во рамки на проектот „Од рурална жена до успешен претприемач, без стереотипи и дискриминација“ започна активности со кои го истражува животот на жената во руралните средини, нејзините проблеми и можности за почнување на сопствен бизнис со кој ќе излезат на површина нејзините вештини кои и помагаат економски да биде појака, а со тоа да придонесе за економската стабилност на своето семејство кое е основа на сите нејзини заложби за подобро утре.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close