Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Шапуриќ-Државниот земјоделски инспекторат во контрола на откупните пунктови со раноградинарски култури
Цената на откупот на пролетната зелка е 25 денари за кг, а на доматот од оранжерии е 100 денари за кг.
Државниот земјоделски инспекторат е во контрола на откупните пунктови за раноградинарски култури, инспектори ги контролираат цените на земјоделските производи. Откупот се интензивира, вели директорот на ДЗИ, Зоран Шапуриќ.
-Со 6 инспектори на Државниот инспекторат за земјоделство извршивме надзор во 7 откупни пунктови на повеќе откупувачи во Валандово, Богданци и Гевгелија кои отпочнаа со откупот на раноградинарските производи. Откупот се интензивира. Цената на откупот на пролетната зелка е 25 денари за кг, а на доматот од оранжерии е 100 денари за кг. На овие пунктови беа истакнати цените согласно со законот, вели Шапуриќ.
АБ