fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Шесто издание на винскиот салон „Винодонија“

Гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивен број од над 450 етикети на вино.

На шестото издание на винскиот салон „Винодонија”, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје, гостите ќе може да дегустираат вина од околу 60 винарии, со импресивен број од над 450 етикети на вино.

Скопски вински салон „Винодонија” соопшти дека покрај тоа што има едукативен карактер, настанот со години ја потврдува својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.

 

Во рамки на „Винодонија” денеска и утре ќе се одржат пет работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија”, „Запознај ја винската Хрватска”, „Основи на спарување на вино и храна” и „Во светот на винските меурчиња”.

Гостите ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија.

 

Во рамки на салонот ќе може да се вкусат и деликатеси од 15-ина гастрономски брендови од нашата земја.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close