Вести
Шпанија бара берачи на јагоди, дневница 40 евра
Шпански производители на јагоди бараат 600 луѓе за оваа работа во 2017 година, соопшти Агенцијата за вработување. Бројката е речиси двојно поголема од онаа која беше барана за оваа година – 350 лица. Бруто платата сепак е без промена – 40 евра на ден, а по плаќање на здравствено осигурување и данок на доход остануваат до 38.70 евра на ден.
Бараат се жени на возраст од 20 до 40 година со искуство во земјоделството.
Рокот за пријавување е 10 јануари 2017 година, а заминувањето на работниците ќе се случи во февруари и март.
Работните договори се потпишуваат во Шпанија и содржат клаузула за пробен период до 15 дена. Трошоците за пат до Шпанија се задржуваат од првата плата.
Поради напорната работа лани беше тешко Шпанците да најдат работници.