fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Шпанија и Франција со најголема популација на добиток

ЕВРОСТАТ го преброја добитокот во ЕУ, Шпанија и Франција со најголема популација

Европска унија преку „Евростат“ објави дека на крајот од 2021 година, поточно во месец декември била избројна значителна популација на добиток меѓу земјите членки. Согласно податоците кои ги објави „Евростат“, во декември 2021 година во ЕУ имало 142 милиони свињи, 76 милиони говеда, 60 милиони овци и 11 милиони кози. Но, како што наведува европската статистичка институција, најголем дел од добитокот во Европа се огледува во неколку земји.

–  Поголемиот дел од добитокот на ЕУ се одгледува во само неколку земји-членки на ЕУ. Општо земено, поголемите земји-членки одгледувале најмногу добиток. Во Шпанија се одгледува 24 отсто од свињите во ЕУ, додека 9 отсто од говедата во ЕУ, 25 отсто од овците во ЕУ и 23 отсто од козите во ЕУ – се наведува во соопштението на „Евростат“.

Со висок процент на добиток може да се пофали и Франција, каде биле одгледани 9 проценти од вкупниот број на свињи во ЕУ, потоа 23 проценти од говедата во унијата, 12 отсто од овците во ЕУ и 12 проценти од козите во ЕУ. Германија исто така има солидно учество во вкупните бројки, и во оваа земја биле одгледани 17 проценти од свињите во ЕУ, 15 отсто од говедата, 3 проценти од овците и 1 отсто од козите.

–  Имаше и други земји-членки кои беа релативно специјализирани. Данска сочинува 9 отсто од популацијата на свињи во ЕУ, а Холандија осум. Ирска сочинува 9 проценти од популацијата на говеда во ЕУ. Романија сочинува 17 отсто од популацијата на овци во ЕУ. Во Грција се одгледуваат најголем број од козите, и тамошната популација на кози опфаќа 25 отсто од популацијата на кози во ЕУ – пишува во соопштението на „Евростат“.

Во соопштението исто така се истакнува дека популацијата на добиток во ЕУ во текот на времето варира. „Помеѓу 2010 и 2021 година, имаше флуктуации во популацијата на четирите главни видови добиток. Популацијата на свињи во ЕУ достигна речиси 146 милиони во 2020 година пред повторно да се намали. Сепак, во 2021 година, бројот на свињи сè уште беше 2 отсто поголем отколку во 2010 година“.

Фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

https://faktor.mk/evrostat-go-prebroja-dobitokot-vo-eu-shpanija-i-francija-so-najgolema-populacija

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close