Вести
Штетите во земјоделството може да се пријават до 27 мај
Жителите чии имоти и земјоделски насади претрпеле штета поради ниските температури кои ја зафатиле општината, во периодот до 27 мај годинава можат да пријават во просториите на Општина Дебарца.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, во архивата на Општина Дебрца.
Лице за контакт од Општина Дебарца за пријавување на штетите е Лилјана Аврамоска. Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист).