Штипјани ја направија првата сушарница на сонце
Први во државата, штипјани направија сушарница за овошје и за зеленчук што ќе работи на сонце. Сушарницата е со капацитет од 100 килограми и при температура од 70 степени, овошјето и зеленчукот го суши за 9 часа. При надворешна температура од 12 степени и облачно време, сушарницата деновиве постигнала температура од 69 Целзиусови степени.
Целата сушарница е дизајнирана така што самата таа да биде апсорбер. Самите материјали од кои таа е изработена се природни и безбедни за човековото здравје. Апсорберот е направен од бакарен лим, додека преостанатата конструкција е од алуминиум. Најважно е што делот каде што се сушат овошјето и зеленчукот е изработен од инокс, што е 100 отсто здраво и безбедно. Сушарницата работи на принципот на движење на топол воздух, дури и без помошните вентилатори може да функционира. При првата проба сушарницата постигна температура од околу 70 степени на ова студено време, што значи дека во текот на летото температурата би била поголема објасни Драган Илиќ, вработен во „Еко солар”.Досега, земјоделците користеа увозни сушарница, кои се набавуваа од Србија по цена од 1.700 од 2.000 евра и работеа исклучиво на струја.
Оваа сушарница има апсорбер не само спрема југ, туку и бочно. Ова значи дека земјоделецот што ќе ја употребува не мора постојано да ја врти кон сонцето, туку таа ќе си апсорбира и од исток, и од запад и од југ. Освен ова, соларната сушарница е за 30 проценти поевтина од онаа на струја, квалитетна е, од домашно производство, а наместо да увезуваме сега ние можеме да извезуваме во соседните земји рече Зоран Трајков, сопственик на „Еко солар”.Придобивките од ваквиот тип сушарници се огромни за земјоделците, затоа што имаат квалитетен и поевтин производ.
Овој производ ќе биде од голема корист на земјоделците што имаат проблем со пласман на свежите производи. Сега ќе имаат дополнителна можност, со сушење на храната односно дехидрација да се зголеми трајноста на производите и на тој начин економската оправданост и рентабилност да им биде подобрена. Значи, ова е едно добро решение за земјоделските производители, но исто така и можност за секој што ќе сака да почне стартап-бизнис истакна Никола Бујуклиев, сопственик на „Некс консалтинг”.
Сушарницата заштедува околу 70 проценти од потрошената струја за сушење на овошјето и на зеленчукот, а производителите најавуваат дека имаат во план да направат сушарница што ќе работи исклучиво на сончеви зраци.
You can use parent management software to guide and supervise children’s behavior on the Internet. With the help of the following 10 smartest parent management software, you can track your child’s call history, browsing history, dangerous content access, apps they install, etc.
Mobile Phone Monitoring App – hidden tracking app that secretly records location, SMS, call audio, WhatsApp, Facebook, Viber, camera, internet activity. Monitor everything that happens in mobile phone, and track phone anytime, anywhere.