fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

ВАЖНО! Јавен повик за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси…

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација https://www.sinpeks-shop.mk/, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско
потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции
во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за
производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство предвидени со
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за
модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат
за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Отворете на овој линк https://www.ipardpa.gov.mk/Upload/Documents/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20-04-2023.pdf

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09,
43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руалниот развој го објавува следниот
Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 4 / 2 0 2 3
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

II. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:
Субјекти Код на мерка
Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство,
согласно Закон за земјоделство и рурален развој
Мерка 121

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на земјоделска механизација, пчеларска
опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско
потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство, машини за разбивање на мраз, инвестиции
во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за
производство на тутун, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство предвидени со
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121 – Инвестиции за
модернизација на земјоделски стопанства изнесува 600.000,00 денари. Средствата се доделуваат
за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

Код на мерка
Назив на мерка Максимална вредност на
прифатливи трошоци по
корисник
121 Инвестиции за модернизација на земјоделски
стопанства
до 600.000 денари
прифатливи трошоци по
поединечен корисник
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајки ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој за 2023 година.
– Доколку намената на инвестицијата согласно одобрениот деловен план предвидува преработка
на земјоделски производи, корисниците на оваа мерка треба да ја евидентираат дејноста во
Агенцијата за храна и ветеринарство по реализација на инвестицијата.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година („Службен
весник на Р.Македонија“ бр. 43/23 и 73/23)
Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21 )
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22, 113/22, 186/22, 73/23 и 94/23) и
Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за
рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите
трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.
124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19, 214/19, 276/21, 91/22, 122/22, 186/22 и 73/23)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски
да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121.
Услови кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:
1. За инвестиции во приклучна земјоделска механизација
– Минимум производствен капацитет од 2 ха за производство на различни земјоделски култури
или на една земјоделска култура или 0,5 ха за производствен капацитет на зеленчук на отворено
или 0,5 ха за производствен капацитет тутун.
2. За инвестиции во опрема за производство на тутун
– Минимум 0,5 ха за производствен капацитет тутун.
3. За набавка на силоси
– Максимален капацитет на силос од 25 тони.
4. За инвестиции во во објекти за производство на храна од животинско и/или неживотинско
потекло
– За инвестиции во мандри – минимум 150 овци и/или 50 кози
5. За инвестиции во пчеларска опрема
– Центрифуга, топилник за восок, млин за шеќер, пчеларска вага, садови за мед, декристализатор
и електричен отклопувач на саќе.
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со
бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22, 113/22, 186/22, 73/23 и 94/23 )
– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на
поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување
на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се
разгледуваат.
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање
може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk . Упатството за корисници за
поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.
Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата
www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од
08:30 до 16:30 часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта
и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за
финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на
предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на
Барањето (0423-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во
писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и
некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка не подоцна од 10.06.2023
година.
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:
ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и
на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Сектор за одобрување на проекти.
Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот
E-пошта: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close