Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Што се случува со откупот на тутунот-се’ оди ПРВА КЛАСА
И квалиттениот тутун и „ѓубрето“ се откупува прва класа, реагираат големите тутунопроизводители
Тутунарите и годинава се затекнати со откупот на тутунот. Ако лани се им се ценеше подкласа и тутунот им се откупи без реална проценка, годинава, пак, се изненадени што и квалитетниот тутунот и „ѓубрето“ им се цени како прва класа, се жалат тутунари во разговор за Зелена берза.
Големи производители на тутун од Пелагонија сметаа дека не е фер за трудот и трошоците што ги вложиле за да произведат квалитетен тутун, а да добијат исто пари со оние кои нудат далеку понеквалитетен род и чии трошоци за производство се незначители.