fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Град со големина на орев ги погоди Бистрица, Кравари и Егри, настрадаа овоштарниците

(Фото)Овоштарите ќе бараат од Општина Битола да излезе на терен, да ја констатира штетата и да им ја надомести.

Силен град со големина на орев ги погоди битолските села Бистрица, Кравари и Егри. Градот направи големи штети по овоштарниците, зашто во овој дел најмногу се одгледуваат јаболка и праски. Виолета  Јанеска овоштар од Бистрица вели дека градот кој удрил нешто по 20 часот вчера,  оштетил добар дел од јаболката кои се во фаза на оформување на плод , а праските сосема ги уништил откако и претходно беа измрзнати од пролетните мразеви. Градот  ги „обра“ и јагодите и црешите, се жалат овоштарите. Силниот град кој траел околу десетина минути причинил и значителни штети и на куќите, па според направените фотографии се гледа направил дупки и на надворешните ролетни и на фасадите.

Нема достапен описНема достапен опис

-Почна да дува силен ветер и дожд и наеднаш истури силен град. Траеше прилично долго, можеби околу 10 минути и беше пороен. Се е по земја. Нема што да собереме од родот. Оштетувањата на јаболкниците кај нас се на површина од 2 хектари, а ни ги оштети и насадите со јагоди и цреши. Најтешка е состојбата кај праските кои и онака поради измрзнување од пролетните мразеви броевме штети, вели Јанеска.

Овоштарите ќе бараат од Општина Битола да излезе на терен, да ја констатира штетата и да им ја надомести.

А.Б

Нема достапен описНема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close