fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаМакедонијаСоветиТоп вестиФотогалерија

„СИНПЕКС“ донираше прочистувачи за воздух за Детското и Интерното одделение во Битолската клиничка болница

„СИНПЕКС“ Битола, донираше уреди за прочистување на воздухот за Битолската клиничка болница. Ова се првите прочистувачи на воздухот што ги добија одделенијата за Педијатрија и Интерна медицина во болницата во Битола. Како општествено одговорна компанија „СИНПЕКС“ Битола, донираше 15 уреди, комплет со резервни филтри од  брендот Grunluft, кој како дел од палетата производи, прочистувачи на воздухот, можат да се најдат во продавниците на „СИНПЕКС“ Битола.

„СИНПЕКС“ Битола, донираше уреди за прочистување на воздухот за Битолската клиничка болница. Ова се првите прочистувачи на воздухот што ги добија одделенијата за Педијатрија и Интерна медицина во болницата во Битола. Како општествено одговорна компанија „СИНПЕКС“ Битола, донираше 15 уреди, комплет со резервни филтри од  брендот Grunluft, кој како дел од палетата производи, прочистувачи на воздухот, можат да се најдат во продавниците на „СИНПЕКС“ Битола.

Пет (5) од уредите се за прочистување на воздухот во простории од 30 квадратни метри, додека десет (10) од апаратите покриваат простори до 16 квадратни метри.

Донацијата денеска ја врачија вработени од „СИНПЕКС“ Битола.

„Особено сме задоволни што нашиот проект за донација на прочистувачи на воздух наиде на сериозен одзив кај раководството на Битолската клиничка болница. Сметавме дека од исклучителна важност е на децата-пациенти да им се обезбедат услови за подобро здравје и побрзо закрепнување. Факт е дека како општество мора постратешки да се позанимаваме со проблематиката на загадениот воздух, но сепак во меѓувреме ќе ги имаме прочистувачите да ни помогнат“, изјави Олгица Трендафиловска, претставник на „СИНПЕКС“ Битола.

Донацијата од прочистувачи ја прими првиот човек на Болницата, директорот д-р Александар Обедниковски, специјалист ортопед.

„Со особено задоволство возвративме на повикот за донација на компанијата „СИНПЕКС“ Битола која како општествено одговорна компанија реши да ни донира прочистувачи на воздухот и тоа во овие зимски денови кога вредностите на загадувањето на амбиенталниот воздух се високи. Донацијата доаѓа во вистински момент и веќе заедно со „СИНПЕКС“ ја распоредивме во одделенијата за Педијатрија и Интерното одделение во дел од болничките соби и во дневните амбуланти. Дечињата како пациенти ни се најважни и затоа на Детското одделение дадовме приоритет. Искажуваме голема благодарност до „СИНПЕКС“ Битола и ја оставаме вратата отворена за понатамошни идни соработки“, изјави директорот на Битолската клиничка болница  д-р Александар Обедниковски.

За првпат одделот за Педијатрија во Битолската клиничка болница добива прочистувачи за воздух во сите болнички соби и во Дневната амбуланта каде е голема фреквенцијата на деца кои доаѓаат на прегледи. Целата е намалување на изложеноста на децата – пациенти на загаден воздух.

„Искрено се радуваме на оваа донација од „СИНПЕКС“ Битола,  особено што нашето одделение има реална потреба од вакви уреди. Дневно во овие денови прегледуваме преку 120 дечиња со респираторни инфекции што е речиси двојно повеќе од одделенијата во околните градови. Во моментов се хоспитализирани 8 дечиња поради компликации од респираторни инфекции и овие прочистувачи на воздухот ќе си го најдат своето место и примена веднаш. Секоја донација на нашето одделение е добредојдена“, изјави началничката на одделот Педијатрија,  д-р Оливера Груевска, специјалист педијатар.

Ова не е првпат „СИНПЕКС“ Битола да донира прочистувачи на воздух, во 2018 година во соработка со други битолски фирми донираше вакви  уреди за  градинките „Естреа Овадија ‒ Мара“ и „Мајски Цвет“ Битола.

ПР текст „СИНПЕКС“ Битолаhttps://www.sinpeks-shop.mk/

 

     

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close