fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Млади сточари од Македонија во посета на Словенија

Нашите млади сточари ќе имаат можност овие три дена да посетат голем број на земјоделски стопанства ширум Словенија, да ги посетат државните институции и здружението на млади фармери на Р. Словенија

Им посакав добредојде на младите фармери од  Р.С. Македонија  кои ќе бидат во тридневна посета на Р. Словенија, објави амбасадорот на нашата држава во Словенија  Горан Милевски
-Благодарение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и донаторот Швајцарската ИМЕ програма, со логистичка поддршка на Амбасадата, младите фармери од Р. Северна Македонија ќе имаат можност овие три дена да посетат голем број на земјоделски стопанства ширум Словенија, да ги посетат државните институции и здружението на млади фармери на Р. Словенија
Оваа посета е реализирана како резултат на воспоставената успешна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија која овозможува меѓудругото младите фармери да се запознаат со начинот на функционирање на земјоделските стопанства на Словенија и примената на нови техники во работењето, објави Милевски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close