Агро бизнисВестиТоп вести
Утрото ќе биде ведро и постудено во текот на денот сончево
Следува период на релативно топло време.
Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на релативно топло време. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на седмицата се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.




