вестиТоп вестиХрана

Сите благодети на киселото млеко

Овој продукт изобилува со калциум и полезни бактерии, кои прават совршен баланс и хармонија во телото.

 

Киселото млеко ги зајакнува коските, а истовремено помага да се намалат симптомите предизвикани од стрес и депресија.

Овој млечен производ  треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана, бидејќи го зајакнува имунитетот и го одржува здравјето на срцето.

Го намалува крвниот притисок

Редовната конзумација на кисело млеко го намалува високиот крвен притисок. Само 170 мл кисело млеко на ден го намалува притисокот за 31%.

Фитнес сојузник

Киселото млеко е одличен извор на протеини. Поради тоа се препорачува да се јаде после тренинг. Протеините обезбедуваат раст на мускулите и го стабилизираат нивото на инсулин во крвта.

За здрава и сјајна насмевка

Киселото млеко ја спречува појавата на кариес и ја отстранува непријатната миризба од усната шуплина.

Против настинка

Конзумацијата на 300 мл кисело млеко дневно го намалува ризикот од појава на грип за 35%.

Извор:Курир

Слични написи

Back to top button
Close