Овоштарите од Пијанец и Малешевијата да ги пријават штетите од ниските температури

(Oвој напис е објавен на: February 25, 2017)

Општините Пехчево, Берово и Делчево ги повикуваат овоштарите чии овошни насади се уништени од ниските температури кои ги зафатија Пијанец и Малешевијата, да ги пријават штетите до надлежните одделенија во општините. Пријавувањето на штетите ќе се врши секој работен ден до 6-ти мај.

132738407-53092

Покрај барањето, земјоделците треба да достават и фотокопија од лична карта, како и доказ за сопственоста на имотот. Барањето може да се симне и од веб-страниците на општините. Ниските температури и мразот во Малешевијата предизвикаа милионски штети на овоштарите, пред се на насадите со сливи и вишни, но и ореви. Овоштарството е основна земјоделска гранка во регионот на Малеш и Пијанец, каде на површина од над 1.000 хектари има насади со модри сливи.