
Сите детали за јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата
Кој земјоделец може да добие финансиска поддршка
ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025
Влада на Република Северна Македонија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Објави нов јавен повик од ИПАРД III програмата
Врз основа на Анекс А клаузула бб став 1 точка б од Законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата на Република Северна Македонија за посебните постапки за спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија според инструментот на претпристапна помош (ИПА 3) (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 235/22) и врз основа на ИПАРД Програмата 2021-2027 и член 6 Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од ИПАРД Програмата 2021-2027, (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 88/23)
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
на февруари 2025 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025
за доставување на барања за финансиска поддршка од
ИПАРД Програмата 2021-2027
ДЕЛ I
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следнава мерка:
- Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства
- Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
- Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области согласно Листата на планински области и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка)
Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
- Крајниот рок за поднесување на барањата е 29 март 2025 година
Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик за мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ изнесува 7.415.335 евра или 456.154.330,88 денари.
Курсот на еврото за овој јавен повик изнесува 61.515 ден.
- Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци како „Барање за финансиска поддршка од мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“, и „Упатство за корисници од мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за финансиска поддршка по соодветна мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат од веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
- Начин на поднесување на барањето:
Корисникот треба да пополни и поднесе Барање за финансиска поддршка за поединечна мерка, Деловен План или Технички предлог изработени согласно Упатството за изработка на Деловен План или Упатството за изработка на Технички предлог проект и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото Барање за финансиска поддршка од соодветната мерка заедно со Деловниот план/Техничкиот предлог проект и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД Програма 2021-2027 број 01/2025 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е корисникот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460, 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
ДЕЛ II
ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА
- Финансиската поддршка за мерката Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства е наменета за земјоделско производство во приоритетните сектори: растително производство, сточарство, рибарство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка
- Тип на инвестиција
Ø Растително производство: (i) житни култури, (ii) индустриски и фуражни култури, (v) лозови насади (само вински сорти), (vi) други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамките на Мерката 7 ;
Ø Сточарство: (i) говеда (за: млечно говедарство, гоење), (ii) свињи (за: репродукција, гоење), (iii) овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење), (iv) живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери), (v) други добиток од Анекс I што не е поддржан во рамките на Мерката 7;
Ø Рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби ;
Ø Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма: (i) Млеко и млечни производи, (ii) Јајца, месо и производи од месо; (iii) Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури; (vi) Шира, сок од грозје, вино;
Ø Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн .
- Корисници
- Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во понатамошниот текст: ЕРЗС) како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.
- Земјоделското стопанство – корисник кое предлага инвестиции во растително производство, како и сите производни капацитети (производствениот план) на земјоделското стопанство, треба да бидат евидентирани во ЕРЗС пред да аплицира за поддршка.
- Земјоделското стопанство – корисник кое предлага инвестиции во започнување на сточарско производство треба да биде регистрирано како земјоделско стопанство во ЕРЗС и во Регистарот за идентификација на животни пред поднесување на конечното барање за исплата.
- Земјоделското стопанство – корисник кое предлага инвестиции во преработка на земјоделски производи и маркетинг треба да биде регистрирано како оператор на храна во согласност со Законот за безбедност на храна во Агенција за храна и ветеринарство пред поднесување на конечното барање за исплата.
I.1 Семејното земјоделско стопанство е преставувано од физичко лице кое е член на земјоделското домаќинство. Физичкото лице е овластено, од страна на сите други членови од земјоделското домаќинство, да го претставува земјоделското стопанство пред надлежните органи и да управува со него. Овластениот претставник и останатите членови на земјоделскотодомаќинство мора да живеат на иста адреса која е наведена како седиште на земјоделското стопанство, без оглед на локацијата на земјоделскиот имот (земјиште и објекти).
I.2 Индивидуален земјоделски производител е физичко лице кое се занимава со земјоделство за негови нејзини лични потреби како сопственик на земјоделскиот имот или кој има право на користење на земјоделски имот добиено преку склучување законски договор со нејзиниот сопственик и е регистриран во Регистарот на индивидуални земјоделци при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или како Индивидуален земјоделски производител во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Индивидуалниот земјоделски производител е регистриран како семејно земјоделско стопанство во ЕРЗС.
I.3 Земјоделско стопанство преставувано од правно лице треба да биде регистрирано во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва.
Земјоделски стопанства претставувани од страна на правно лице во случај нивниот капитал да е во сопственост на јавен орган или органи или од страна на државата со повеќе од 25%, не се прифатливи корисници со оваа мерка.
- Задруга која е регистрирана во Централниот регистар и која примарно се занимава со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со земјоделски активности.
III. Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот. Следниве видови на здружени правни лица можат да аплицираат и да ја користат поддршка од оваа мерка:
– Задруга,
– Групи на производители и организации на производители признати како такви во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој и регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ,
– Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од овластени претставници на семејно земјоделско стопанство запишано во Единствен регистар на земјоделски стопанства и
– Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или преработка на земјоделски производи основана од здружение на земјоделски производители.
Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.
- Правни лицарегистрирани во Централниот регистар во ранг на микро, мали и средни претпријатија доколку тие ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), кои се сумирани во следната табела:
Ранг на претпријатие | Број на вработени | Годишен приход (обрт) | Биланс на состојба |
Мало | <50 | ≤ € 10 милиони | ≤ € 10 милиони |
Микро | < 10 | ≤ € 2 милиони | ≤ € 2 милиони |
Средно | <250 | ≤€ 50 милионии | ≤€ 43 милиони |
Напомена: Согласно методологијата за пресметка на големина на субјект од наведената препорака, во предвид се земаат партнерските и поврзани субјекти на корисникот. При утврдување на големината на субјектите се земаат и податоците од Централен депозитар за хартии од вредност на Република Северна Македонија за удели во акционерски друштва на корисникот и сите регистрирани сопственици на корисникот. При утврдување на големината на субјектот се земаат во предвид и поврзаните субјекти надвор од Република Северна Македонија. Новоосновани претпријатија ќе се оценуваат врз основа на очекувана големина како што е предложено во техничкиот предлог проект/ деловниот план.
Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди големината на правниот субјект се добиваат од документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ” издаден од Централен Регистар на Република Северна Македонија.
За јавниот повик 01/2023 за утврдување на големината на корисниците ќе се користат податоци „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА 2023, 2022 и 2021 ГОДИНА”.
Општи критериуми
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства со минималната големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции, како што е наведено во табелата подолу.
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со сточарското производство треба да покажат постоење на минимален број на добиточни единици (ДЕ) регистрирани во Регистарот за идентификација на животните воден од страна на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) со минимална големина во зависност на подсекторот на сточарското производство која е предмет на инвестиција, како што е наведено во табелата подолу.
ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА КОРИСНИКОТ
ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР | Минимум производствен капацитет регистриран во ЕРЗС | |
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО | Инвестиции за одгледување на винова лоза, житни култури, индустриски и фуражни култури | 1 ха |
СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО | Инвестиции кои се однесуваат на говеда; и/или | 10 ДЕ |
Инвестиции кои се однесуваат на овци и/или кози; и/или | 10 ДЕ | |
инвестиции кои се однесуваат на одгледување на свињи; и/или | 8 ДЕ | |
Инвестициите се однесуваат на одгледување живина (со
исклучок на патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви и ему и бисерки) |
10 ДЕ |
*Добиточните единици се пресметуваат согласно Анекс бр. 11 од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Корисниците со помалку земјоделско земјиште од минималните прагови споменати погоре со намера да започнат растително производство, исто така, имаат право да аплицираат и да ја искористат поддршката доколку минималниот праг (наведен погоре) во зависност од видот на растителното производство се достигне на крајот на инвестицијата и е евидентиран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства пред поднесување на конечното барање за исплата. Во случај на неисполнување на овој критериум пред поднесување на конечното барање за исплата, тие ќе станат несоодветни за поддршка.
Корисникот мора да докаже дека тој/таа е сопственик на земјиштето/објектот на кој се однесува инвестицијата или дека има право да го користи најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето.
Корисниците покрај тоа што треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, потребно е да докажат сопственост или право на користење на земјиштето со приложен имотен лист кон барањето како и договор за закуп со времетраење не пократко од 7 години од денот на поднесување на барањето. Договорот за закуп, времетраењето и површината на која се однесува договорот задолжително треба да биде впишан во имотниот лист.
Корисниците се должни да ги евидентираат сите промени на производните капацитети во и во Системот за идентификација на земјишни парцели и/или „Системот за идентификација и регистрација на животните“ особено оние кои се резултат на реализираната инвестиција пред поднесување на конечно барање за исплата.
Одговорното лице/носителот на земјоделското стопанство:
- треба да има завршено минимум средно образование или високо образование преку диплома/сертификат или
- треба да докаже минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази).
- Доказ дека барем еден од управителите на правното лице, кои го застапуваат правното лице во постапката пред Агенцијата треба да е во редовен работен однос или под договор со времетраење не пократко од 5 години од денот на поднесување на барањето.
Трговците поединци и индивидуалните земјоделски производители (регистрирани согласно законот за вршење на земјоделска дејност) треба да бидат постојано вработени.
Во случај на нови инвестиции овој услов треба да биде исполнет пред поднесување на конечното барање за исплата.
Предложената инвестиција потребно е да прикажува низок ризик за неефикасност од јавно финансирање, односно дека корисникот има можност да ја реализира инвестицијата без финансикса поддршка од Програмата. Инвестициите/проектите ќе бидат исклучени од поддршка преку посебна постапка која опфаќа:
Таргетирање на корисници по големина: (доколку просекот на нето добивката од последните три години од објавување на јавниот повик е помал од 75% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, се проценува дека ризикот за неефикаснот од јавно финансирање е низок). Исто така, се смета дека ризикот за јавно финансирање е висок доколку просечниот број на вработени од послените 3 години (пресметани соглано препораката за големина на субјект од 2003/361/EC) е помеѓу 150 и 250.
Приоритизирање на економски неатрактивни типови на инвестиции (за заштита на животна средина, прилагодување на климатски промени, итн.);
Приоритизирање на инвестиции во територии со понизок индекс на регионален развој.
Во насока на ефикасно искористување на финансиските средства, преку соодветна Методологија утврдена од страна на Агенцијата ќе се врши проценка на потребата од кофинансирање на корисниците преку Програмата.
Овој критериум не е применлив за инвестиции со вкупните прифатливи трошоци помали од 100.000 евра.
Инвестиции во набавка на механизација/трактор:
Набавка на земјоделска механизација – трактор треба да биде во согласност со параметрите наведени во табелата “Максимална прифатлива моќност на трактори“, односно моќта на предложниот трактор за набавка да соодветствува со регистрираните производствени капацитети на земјоделското стопанство.
Горна граница за моќноста на тракторите по сектор и големина/капацитет.
КАПАЦИТЕТ НА МОЌ НА ТРАКТОР ПО СЕКТОР И ГОЛЕМИНА/ПРОИЗВОДЕН КАПАЦИТЕТ | ||
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ha) | ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ
(kW) |
Лозје (вински сорти) | 1-10 | 60 |
10-50 | 80 | |
над 50* | 100 | |
Житни и индустриски култури | 1-10 | 80 |
10-50 | 110 | |
над 50* | 150 | |
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО | ГОЛЕМИНА (ДЕ)
(добиточни единици) |
ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ
(kW) |
Говеда за тов и млечни крави | 10-20 | 60 |
20-50 | 80 | |
над 50 | 100 | |
Свињи | 8-100 | 60 |
100-500 | 80 | |
над 500 | 100 | |
Овци/кози | 10-50 | 80 |
над 50 | 100 | |
Живина | 10-140 | 60 |
140-1400 | 80 | |
над 1400 | 100 |
Напомена:
– Еден корисник може да набави еден трактор
– (*) Еден корисник може да набави еден или два трактори со максимална вкупна пропишана големина на KW
– прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 87/23).
Во случај корисникот претходно да користел ЕУ поддршка за трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД Програмата 2021-2027. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.
- Висина на финансирање
Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.
Максималната поддршка која може да биде доделена на еден корисник под оваа мерка изнесува 1.500.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра во денарска противвредност.
Максималната вкупна финансиска поддршка која може да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 750.000 евра во денарска противвредност.
Вкупната финансиска поддршка (75% од ЕУ фондовите + 25% национално кофинансирање) која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Овој процент на кофинансирање ќе се зголеми до:
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (согласно Листата на планински области);
- 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопансва кои се сертифицирани како органски за предметната инвестиција.
Процентот на кофинансирање ќе се зголеми за 10 процентни поени за делот од инвестицијата кој се однесува на:
- Инвестиции во системи за складирање и управување со арско ѓубре (пример:, третман, понатамошно користење и сл.);
- Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделското стопанство;
- Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација и
- Инвестиции во објекти/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производите (суровините) опфатени со Анекс I од Договорот со ЕУ (обработка на животинска или растителна примарна и секундарна биомаса)
- Колективни инвестиции – дополнителна поддршка од оваа мерка се применува на секторот за овошје и зеленчук, секторот за вино, млеко, млечни и месни производи, како и за колективни инвестиции за квалитетни производи со изгледи да бидат регистрирани како производи со ознака на потекло и/или географска ознака.
Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.
Напомена: Зголемувањето на процентот на финансиската поддршка за 10 процентни поени се однесува само за делот на инвестицијата заради кој се врши зголемувањето на поддршката, а не за целосно предложената инвестиција.
- Листа на потребни документи
Долунаведените документи кои се доставуваат во прилог на барањето за финансиска поддршка од мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјодлските стопанства треба да се оригинал или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено покрај самиот документ. Доколку документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена со превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач. Документите кои што се издаваат врз основа на јавните книги или востановен систем на евиденција не треба да бидат постари од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, со исклучок на документите кои го потврдуваат исполнувањето на обврските за платени даноци и придонеси кој не треба да биде постар од еден месец сметано од денот на објавување на јавниот повик.
РЕДЕН БРОЈ | НАЗИВ НА ДОКУМЕНТ |
KOМПЛЕТНО ПОПОЛНЕТО БАРАЊЕ ПРИДРУЖЕНО СО КОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ ОД ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ НА КОРИСНИКОТ
|
|
2. | £ ДОКАЗ ЗА ЗАВРШЕНО ОБРАЗОВАНИЕ (НАЈМАЛКУ СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ) НА КОРИСНИКОТ-ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ИЛИ ОДГОВОРНО ЛИЦЕ НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ ИЛИ ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА, ИЛИ
£ ДОКАЗ ЗА ПОСЕТЕНА ОБУКА ОД ЗНАЧЕЊЕ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА, ИЛИ £ ДОКАЗ ЗА МИНИМУМ 3 ГОДИШНО ИСКУСТВО ВО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО, ПРЕРАБОТКА ИЛИ УСЛУГИ ПОВРЗАНИ СО ЗЕМЈОДЕЛСТВО
|
3. | КОПИЈА ОД АКЦИОНЕРСКА КНИГА
(Овие документи се задолжителни во случај кога корисникот е акционерско друштво) |
4. | ПОТПИШАНА ИЗЈАВА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ГОЛЕМИНА НА КОРИСНИКОТ (МИКРО, МАЛО И СРЕДНО ПРЕТПРИЈАТИЕ) ПРИДРУЖЕНА СО :
£ Доказ за сопственичка структура на поврзани и партнерски правни лица регистрирани надвор од Република Северна Македонија издадена од релеванта институција на државата резидент £ Документ кој содржи податоци за бројот на вработени, годишниот обрт и вкупниот годишен биланс на странски поврзани и партнерски претпријатија на корисникот. Податоците треба да се преземат од последната одобрена годишна сметка. £ Потврда за акционерски податоци на корисникот и сите регистрирани сопственици на корисникот издадени од централниот депозитар за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
|
5. | £ ДОКАЗ/ПОТВРДА ДЕКА НАЈМАЛКУ ЕДНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Е ВО РЕДОВЕН РАБОТЕН ОДНОС ВО ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ ИЗДАДЕНА ОД ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РСМ, ИЛИ
£ ДОКАЗ ДЕКА НАЈМАЛКУ ЕДНО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ Е АНГАЖИРАНО СО ДОГОВОР СО ВРЕМЕТРАЊЕ НЕ ПОКРАТКО ОД 5 ГОДИНИ ОД ДАТУМОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО (Потврдата е задолжителна во случај кога корисникот има регистрирано фирма, а во случај на нова инвестиција критериумот треба да биде исполнет пред поднесување на барањето за исплата). Под нова инвестиција се подразбира инвестиција предложена од ново регистрирана фирма која сеуште нема поднесено годишна даночна пријава или постоечка фирма која предлага инвестиција во сосема нова дејност, пример: фирмата се занимава приоритетно со производство на непрехранбени производи а предлага инвестиција во подигање на овошни насади. (Доказ дека одговорното лице е во редовен работен однос е задолжително за корисниците: ИЗ регистрирани согласно закон за вршење на земјоделска дејност, правни лица и задруги). |
6. | ДОКАЗ ЗА ПОДМИРЕНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ, ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Напомена: ИЗДАДЕН ОД УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ |
7. | ДОКАЗ ДЕКА КОРИСНИКОТ НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА СТЕЧАЈ
Напомена: ИЗДАДЕН ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РСМ. Овој документ не е задолжителен за физички лица и Индивидуален земјоделец (без разлика на формата на регистрација) |
8. | ДОКАЗ ДЕКА КОРИСНИКОТ НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА ЛИКВИДАЦИЈА
Напомена: ИЗДАДЕН ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР НА РСМ Овој документ не е задолжителен за физички лица и Индивидуален земјоделец (без разлика на формата на регистрација) |
9. | ДОКАЗ ДЕКА ПРОТИВ КОРИСНИКОТ НЕ Е ИЗРЕЧЕНА ПРЕКРШОЧНА САНКЦИЈА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ, ДОЛЖНОСТ И ПРОФЕСИЈА |
10. | ДОКАЗ ДЕКА ПРОТИВ КОРИСНИКОТ НЕ Е ПОВЕДЕНА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ОД РЕГИСТАРОТ ЗА КРИВИЧНА ЕВИДЕНЦИЈА ИЗДАДЕНИ ОД ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД |
11. | ИМОТЕН ЛИСТ ЗА ОБЈЕКТ И/ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ
Напомена: Во случај доколку има договор за закуп или концесија за имотот кој е предмет на инвестиција истите треба да бидат прибележани во имотниот лист. ПРИДРУЖЕН СО (ДОКОЛКУ Е ПРИМЕНЛИВО): Доказ за редовно подмирени обврски по основ на договор за кредит во случај кога банката има воспоставено залог врз имотот, впишан во релевантниот имотен лист, предмет на инвестиција. Напомена: Овој докумемент е задолжителен во случај кога банката има воспоставено залог врз имотот, впишан во релевантниот имотен лист, предмет на инвестиција. |
12. | ДОГОВОР ЗА ЗАКУП/КОНЦЕСИЈА ЗА ОБЈЕКТ И/ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ
Овие документи се задолжителни само доколку земјиштетот/објектот, предмет на инвестиција не се во сопственост на корисникот т.е. кои се изнајмени/под концесија, освен доколку договорот за закуп е впишан во имотниот лист. |
13. | ДОЗВОЛА/ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ ПРЕДМЕТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА
Напомена: ИЗДАДЕНА ОД ВОДОСТОПАНСТВО НА РСМ ИЛИ МЖСПП Овој документ треба да се достави во случај на инвестиција во системи за наводнување |
14. | ДОКАЗ ЗА ПЛАТЕНИ ОБВРСКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА КАТАСТАРСКИТЕ ПАРЦЕЛИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИНВЕСТИЦИЈА
Напомена: овој документ е задолжителен во случај на инвестиција во системи за наводнување |
15. | РЕШЕНИЕ ИЛИ ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА:
£ РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА ИЛИ £ А ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ £ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ИЛИ £ ПОТВРДА ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ НАДГРАДИ ПОСТОЕЧКАТА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ВКЛУЧИТЕЛНО СО ПРЕДЛОЖЕНАТА ИНВЕСТИЦИЈА ИЛИ £ ПОТВРДА ДЕКА КОРИСНИКОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ПОСЕДУВА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ИЛИ А ИЛИ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
Напомена: · Документот се однесува на целокупното земјоделско стопанство не само на планираната инвестиција · Документот е издаден од страна на локалната самоуправа или Министерството за животна средина и просторно планирање; · Документот се однесува за корисници кои предлагаат инвестиции во производство на млеко, месо, јајца, постбербени активности, преработка на земјоделски производи на земјоделското стопанство или корисници кои што имаат регистрирано фарми за производство на слатководни риби.
Пример: Инвестицијата е во земјоделска механизација во растителен н сектор, но земјоделското стопанство има и регистрирано одгледувалиште на животни. Во овој случај еден од погоре споменатите документи е задолжителен. |
16. | ДВЕ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД НЕЗАВИСНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ (ФУНКЦИОНАЛНО ЗАВИСНИ) СО ИЗНОС ПОМАЛ ОД 10.000 ЕВРА ПРИДРУЖЕНА СО ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ |
17. | ТРИ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ НЕЗАВИСНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ (ФУНКЦИОНАЛНО ЗАВИСНИ) СО ИЗНОС ПОГОЛЕМ ОД 10.000 ЕВРА ПРИДРУЖЕНИ СО ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ.
Напомена: ставките/групата на ставки со вкупна вредност над 10.000 евра од еден добавувач не треба да бидат вештачки поделени со вредност под 10.000 евра со цел прибирање две понуди. Доколку ставките се меѓусебно функционално зависни, пример претставуваат една производна целина, а се издадени од еден добавувач, ќе се третираат како една група на ставки. |
18. | ИЗЈАВА ОД КОРИСНИКОТ СО ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗБОР НА КОНКРЕТНАТА ПОНУДА ВО СЛУЧАЈ КОГА ИЗБРАНАТА ПОНУДА НЕ Е СО НАЈНИСКА ЦЕНА
Напомена: доколку овој документ не е доставен, понудата/ставката која не е со најниска цена, нема да биде одбиена, но Агенцијата ќе ја одобри финансиската поддршка на избраната понуда/ставка согласно сумата на најниската понуда/ставка. |
19. | КОПИИ ОД ЛИЦЕНЦИ ЗА ГРАДБА ЗА РЕЛЕВАНТНАТА КАТЕГОРИЈА НА ГРАДБА ЗА СЕКОЈ ПОНУДУВАЧ |
20. | КОПИЈА ОД ДОКУМЕНТ КОЈ ЌЕ СОДРЖИ ПОДАТОЦИ ЗА СОПСТВЕНИЧКАТА СТРУКТУРА ЗА СИТЕ СТРАНСКИ ДОБАВУВАЧИ |
21. | КОПИЈА ОД АКЦИОНЕРСКА КНИГА ЗА СИТЕ ПОНУДУВАЧИ КОИ СЕ РЕГИСТРИРАНИ КАКО АКЦИОНЕРСКИ ДРУШТВА. |
22. | ДВЕ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ НЕЗАВИСНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ ЗА ОПШТИ ТРОШОЦИ СО ИЗНОС ПОМАЛ ОД 10.000 ЕВРА |
23. | ТРИ ПОНУДИ ИЗДАДЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ НЕЗАВИСНИ ДОБАВУВАЧИ ЗА СЕКОЈА СТАВКА/ ГРУПА НА СТАВКИ ЗА ОПШТИ ТРОШОЦИ СО ИЗНОС ПОГОЛЕМ ОД 10.000 ЕВРА |
24. | ИЗЈАВА ОД КОРИСНИКОТ СО ОБЈАСНУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА ИЗБОР НА КОНКРЕТНАТА ПОНУДА ВО СЛУЧАЈ КОГА ИЗБРАНАТА ПОНУДА НЕ Е СО НАЈНИСКА ЦЕНА
Напомена: доколку овој документ не е доставен, понудата/ставката која не е со најниска цена, нема да биде одбиена, но Агенцијата ќе ја одобри финансиската поддршка на избраната понуда/ставка согласно сумата на најниската понуда/ставка. |
25. | ОДОБРЕНИЕ ЗА :
· изградба на нов обејкт · реконструкција на постоечки објект · адаптација на постоечки објект · доградба на постоечки објект · надградба на постоечки објект · изведена состојба · поставување на опрема за производство на енергија од обновливи извори на енергија · производство на енергија од обновливи извори на енергија Напомена: Во случај на градежни активности на земјоделско земјиште, корисникот треба да достави Одобрение за погоре наведените активности заедно со останатите документи под реден бр 26 со барањето за финансиска поддршка при аплицирање. Во случај на градежни активности на градежно земјиште, Одобрението за погоре наведените активности мора да биде поставено на вебсајтот (www.gradezna dozvola.gov.mk) не покасно од крајниот датум за аплицирање по Јавниот повик. ИЛИ • ПОТВРДА ОД ОПШТИНАТА ДЕКА ЗА ПРЕДЛОЖЕНАТА ИНВЕСТИЦИЈА НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ИЛИ ПОДНЕСЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ОПШТИНАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЦИ ДО 6KW (ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА) И ДО 40 KW (ЗА ПРАВНИ ЛИЦА) |
26. | КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
· изградба на нов обејкт · реконструкција на постоечки објект · адаптација на постоечки објект · доградба на постоечки објект · надградба на постоечки објект · поставување на опрема/инсталација за производство на енергија од обновливи извори на енергија · производство на енергија од обновливи извори на енергија · изведена состојба Напомена: Во случај на градежни активности на земјоделско земјиште, корисникот треба да ги достави овие документи за погоре наведените активности заедно со останатите документи со барањето за финансиска поддршка при аплицирање Во случај на градежни активности на градежно земјиште, КОПИИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА Агенцијата ги превезма од „Информацискиот систем за е-градежна дозвола“ (www.gradezna-dozvola.mk) |
27. | ВРЕМЕНА СИТУАЦИЈА/ СОСТОЈБА ЗА СИТЕ ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ
Напомена: Времена ситуација се доставува само доколку корисникот има изградено дел од објектот кој е предмет на инвестиција и за истиот не бара финансиска поддршка. Градежните работи се во согласност со последно одбрената техничка документација. |
28. | ДЕЛОВЕН ПЛАН ЗА ИНВЕСТИЦИИ СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ НАД 80.000 ЕВРА И ВО СЛУЧАЈ КОГА КОРИСНИК Е ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА ИЛИ ЗДРУЖЕНО ПРАВНО ЛИЦЕ |
29. | ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ ЗА ИНВЕСТИЦИИ СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ПОД 80.000 ЕВРА |
ДОКУМЕНТИ КОИ АФПЗРР ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ВО ИМЕ НА КОРИСНИКОТ (ОД ДРУГИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ). |
|
ДОКАЗ ЗА РЕГИСТРИРАНО СЕМЕЈНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО
РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА ДЕЈНОСТ ВО СЕМЕЈНО ЗЕМЈОДЕЛСКО СТОПАНСТВО (Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот аплицира како семејно земјоделско стопанство и веќе се занимава со производство и/или преработка на храна). |
|
ПОТВРДА ЗА ПРИЈАВЕНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ (ВО ЕДИНСТВЕН РЕГИСТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА, МЗШВ-ПОДРУЖНИЦИ) | |
ДОКАЗ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ ОД 20 ТОНИ РЕГИСТРИРАНИ ВО РЕГИСТАРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА РИБА ПРИ МЗШВ.
(Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот аплицира како производител на риба). |
|
ТЕКОВНА СОСТОЈБА НА ПРАВНОТО ЛИЦЕ-КОРИСНИКОТ
(Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот аплицира како трговско друштво, трговец поединец, индивидуален земјоделски производител, регистрирани според Законот за вршење на земјоделска дејност, земјоделска задруга, здружени правни лица). СТАТУТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА/ЗДРУЖЕНИ ПРАВНИ ЛИЦА (Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот аплицира како задруга). |
|
СПИСОК НА АКЦИОНЕРИ
Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот е акционерско друштво и има податоци за компанијата на веб страницата на Централниот депозитар за хартии од вредност на Р. Македонија кои не се постари од 3 месеци од денот на објавување на јавниот повик). |
|
ПОТВРДА ДЕКА КОРИСНИКОТ НЕМА НЕПОДМИРЕНИ ОБВРСКИ КОН МЗШВ
(Овој критериум задолжително се проверува по службена должност со цел да се потврди дали корисникот има неподмирени обврски кон МЗШВ по однос Закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост). |
|
ДОКАЗ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТИ-АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО
(Овој документ се добива по службена должност во случај кога корисникот веќе се занимава со преработка на земјоделски производи на ниво на фарама). |
|
МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНАТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА (АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО) | |
МИСЛЕЊЕ ДЕКА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО И/ИЛИ ПЛАНИРАНАТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ (АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНА) | |
ДОКАЗ ЗА РЕГИСТРИРАНО ОДГЛЕДУВАЛИШТЕ
(Овој документ се добива по службена должност во случај кога барањето се однесува на сточарско производство). |
Агенцијата го задржува правото да побара дополнителна документација со цел докажување на исполнување на критериумите по соодветните мерки од ИПАРД Програмата 2021-2027 за користење на финансиска поддршка.
ДЕЛ V
ПОСТАПКА ПРЕД АГЕНЦИЈАТА
Постапката на Агенција од прием на Барањата до склучување на Договор за користење на средства се состои од :
- Проверка на комплетностана приложените документи согласно бараните документи по типови на инвестиции и тоа:
- Дали барањето е целосно пополнето и дали целокупната документација наведена во овој јавен повик согласно приоритетните сектори е доставна во прилог на истото;
Некомплетно барање за финансиска поддршка е Барањето кое не ја содржи целокупната документација во моментот на поднесување на истото.
- Дали документите кои се доставени во прилог на барањето се оригинал или копија заверена на нотар (доколку поинаку не е наведено во самиот документ)
- Проверка на соодветностана барање за користење на средства се прави со цел да се утврди:
- Дали доставените документи докажуваат исполнување на критериумите и условите за прифатливост на предложените инвестициони активности;
- Дали предложената инвестиција е економски и финансиски остварлива и одржлива, што се проверува преку анализа на параметрите содржани во приложениот деловен план / технички предлог проект;
- Дали предложената инвестиција за која се бара финансиска поддршка не е финансирана од други јавни извори на средства (Буџет на Република Северна Македонија и меѓународни донатори);
- Дали цените на предложените инвестициски активности се во рамките на пазарните цени преку анализа на референтните цени за соодветните активности.
Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски проекти овозможуваат финансиска/економска одржливост. Економската и финансиската одржливост ќе се оценува врз основа на Деловен план и Технички предлог проект. Корисникот со деловниот план треба да ја прикаже можноста за континуитетот на работењето во текот на најмалку пет години од реализација на инвестицијата. Врз основа на следните економски индикатори ќе се оценува инвестицискиот проект:
Ø Модифицирана интерна стапка на рентабилност која треба да биде поголема од 0,
Ø Нето сегашна вредност кое треба да биде поголемо од 0, и
Ø Период на враќање на инвестицијата кој треба да биде помал од 10 години
Во случај на предложени проекти кои што имаат износ на прифатливи трошоци помали од 80.000 евра во денарска противвредност, економската оддржливост се демонстрира преку Технички предлог проект кој што ќе содржи финансиски индикатори во смисла на генерирање доволен приход кој што ќе ги достигнува оперативните трошоци на земјоделското стопанство
Со цел да се утврди автентичноста на техничките параметри, економските и финансиските податоци, Агенцијата има право да бара дополнителни документи и информации како основ за донесување на одлука.
Верификација на веродостојноста на податоците содржани во Барање за користење на средства вршат овластени лица на Агенцијата со контрола на лице место.
Рангирањето се врши на сите комплетни и соодветни барањa за користење на средства согласно приложените табели за рангирање по пооделни мерки.
Финансиската поддршка ќе се одобри за сите комплетни и соодветни барања за користење на средства во рамките на расположливите средства по мерка врз основа на извршена административна и контрола на лице место.
Не комплетните, не соодветни како и барања за користење на средства кои имаат помал број на поени во однос на расположливите средства по мерка, ќе бидат одбиени со Решение.
Со корисникот чие барање за користење на средства е одобрено се потпишува Договор во рок од 30 дена од денот на добивањето на Решение за одобрување на средства од ИПАРД Програмата.
Корисниците не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за користење на средства со Агенцијата, со исклучок на активностите поврзани со општите трошоци (изработка на деловен план, технички предлог проект, физибилити студија, архитекти, проектна документација).
Согласно Договорот за финаниска поддршка корисникот има право да побара исплата на авасни средства во висина до 50% од вредноста на одобрената финансиска поддршка во рок не подолг од 60 дена од денот на потпишување на Договорот за финансиска поддршка. Барањето за исплата на авансни средсатва е унифициран образец кој е достапен за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната www.ipardpa.gov.mk.
Со цел одобрување и исплата на авансни средсатва корисникот Во прилог на барањето за исплата е обврзан да достави банкарска гаранција во висина од 110% од износот на авансот. Износот за кофинансирање на инвестицијата ќе биде намален со износот на авансното плаќање при финалната исплата на средства.
Откако ќе биде завршена инвестицијата, крајниот корисник треба да достави барање за исплата. Барањето за исплата е пропратен документ на договорот потпишан помеѓу корисникот и Агенцијата. Заедно со барањето за исплата треба да се достави и останатата документација поврзана со направените трошоци (фактури,извод од банка) и останати документи наведени во самото барање за исплата. Документите кои ќе бидат доставени од страна на корисникот треба да бидат заверени со потпис и печат од органот/фирмата која ги издава и со потпис на корисникот (и печат – кога корисникот е правно лице).
Барање за исплата е унифициран образец кој што крајните корисници го добиваат при потпишување на договорот, за секоја мерка поединечно. Барањата за исплата исто така ќе бидат достапни за подигнување во просториите на Агенцијата и од веб страната на Агенцијата.
Барањата за исплата се доставуваат согласно временскиот рок даден во договорот. Корисникот е обврзан своерачно или електронски да го пополни барањето за исплата и да ги наведе фактурите/про-фактурите кои ги доставува до Агенцијата, притоа наведувајќи за која мерка и тип на инвестиција го поднесува истото.
Проверката на финансиската документација се извршува исклучиво на оригинали или копии заверени на нотар при што во случај да се доставени оригинални документи во текот на постапката за одобрување на исплата Агенцијата е должна да ги врати назад оригиналите до крајниот корисник. Истите ќе бидат означени со печат на Агенцијата како би се избегнало понатамошно двојно финансирање.
Доколку документите кои се пропратни кон барањето за исплата се достават после рокот, барањето ќе биде целосно или делумно одбиено и договорениот износ на финансиска поддршка нема да биде исплатен целосно или делумно.
Доколку се настанати промени во барањето за исплата т.е се набават активности кои не се предмет на договорот, а притоа не е поднесено барање за анекс на договор, истото барање нема да биде исплатено, или ќе биде делумно исплатено во зависност од ефектот кој настаната промена ќе го има врз целокупната инвестиција која е предмет на договорот.
Доколку корисникот не се придржува кон одредбите од договорот кои се однесуваат на рокот на реализација на инвестицијата, треба да се има во предвид дека сите активности настанати пред потпишување на договорот со Агенција (освен општите трошоци) нема да се дел од финансиската поддршка. Исто така сите набавени и исплатени активности после рокот на реализација на инвестицијата или во рокот на доставување на барањето за исплата нема да бидат предмет на финансиска поддршка или врз истите ќе биде применет систем на санкции согласно Закон за осовнање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Договор за финансиска поддршка.
После административната проверка доколку барањето за исплата е комплетно и соодветно, предметот ќе биде проверен на лице место од страна на овластени лица на Агенцијата кои имаат за цел да ја проверат реализацијата на инвестицијата во целост и во согласност со договорот. По извршената контрола на лице место, ќе биде изработен извештај во кој детално ќе биде опишана фактичката состојба утврдена на лице место. Истиот треба да биде потпишан од страна на лицата кои ја вршат контролата и од самиот корисник или овластено лице од страна на корисникот. Во случај на забелешка на извршената контрола, корисникот има право истата да ја наведе во извештајот.
После извршената контрола, доколку се констатира дека инвестицијата е реализирана во целост и во соглaсност со договорот, се продолжува со постапката за одобрување на исплата. Доколку се констатира неусогласеност на процесот на реализација на инвестицијата во целост и во согласност со договорот се продолжува постапката за одбивање на барањето за исплата.
Откако ќе биде одобрена исплатата, Агенцијaта издава Решение за одобрување на исплата. Доколку биде одбиено бaрањето за исплата, Агенцијaта издава Решение за одбивање.
Со решението крајниот корисник ќе биде известен за сумата која му е одобрена т.е одбиена.
Сите одобрени и исплатени инвестиции ќе бидат предмет на контрола во период од 5 години после извршената исплата со цел да констатира оддржливоста и непроменетоста на инвестицијата согласно договорот.
Сите исплатени инвестиции ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата со цел да се запази одредбата за транспарентност на постапката, а притоа ќе бидат запазени одредбите за заштита на личните податоци на сите корисници на средствата од ИПАРД Програмата.
ПРИЛОГ: ДЕТАЛНА ЛИСТА НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ ЗА МЕРКА 1
Напомена: Прифатливи се трошоците кои се однесуваат за инвестиции во секторите/подсекторите објавени во овој јавен повик (Дел II, точка 2)
Детална листа на прифатливи трошоци за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства | ||
Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
1. | Набавка на нова земјоделска опрема и механизација за растително производство
– Трактори со максимална моќност врз основа на обемот и природата на дејноста, мотокултиватори и приклучна механизација; – опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на земјата; – садење; – набавка на повеќегодишни растенија; – наводнување, одводнување и одгедување на земјоделски култури; – опрема за берба (исклучувајќи комбајни); – опрема за контрола и заштита. |
Трактори, мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи.
Ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел. Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, силажни комбајни, собирач на пченка, копач, компировадачка, берачи за морков, домат, шеќерна репка, грозје и овошје, косачка за сено, машини за грубо рамнење/чистење на почва, сортирачка, калибратор. Опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба) Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација. Заштитни мрежи и покривки, опрема за заштита од птици, опрема за заштита од гром и опрема за заштита од измрзнување. Противградобијна опрема, опрема за расадување, складирање и манипулација на саден материјал. Опрема и машини за безпочвено одгледување . Опрема за подготвување и мешање на ѓубрива, супстрати, производи за заштита на растенијата итн. |
2. | Садење/обновување на повеќегодишни култури (исклучувајќи ги семињата) | Садниот материјал треба да биде во согласност со Annex I од Директивата на Советот на ЕУ 2008/90EC (https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/ALL/?uri=CELEX%3A32008L0090 или Законот за вино или Општиот каталог на сорти на вино и сорти на винова лоза и подлоги на ЕУ. |
3. | Набавка на механизација за сектор сточарство
– Трактори со максимална моќност која не надминува 100 KW врз основа на обемот и природата на дејноста (види Прилог 1 од Листата на прифатливи трошоци ); – мотокултиватори и приклучна механизација; – опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на почвата; – садење; – наводнување, одводнување и одгледување на растенија; – опрема за берба (исклучувајќи комбајни); – опрема за контрола и заштита; – опрема за одгледување на животни; – опрема за одгедување на риба. |
Трактори, мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел, косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка косачки за фураж, собирач на пченка, копач, косачка за сено, машини за грубо рамнење/чистење на почва, сортирачка, калибратор.
Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација. Опрема за одгледување на животни и слатководна риба (размножување, карантин, карантин за остранување на животински трупови итн.). Опрема за исхрана и напојување, опрема за молзење и систем за измолзување, автоматски или подвижни агрегати за молзење, опрема за чистење и управување и складирање на шталско ѓубриво, вклучувајќи опрема за манипулација за сено и силажа (елеватори), опрема за производство на сточна храна (мелници, опрема за мешање на храната, мешалки, итн.), опрема за мерење на тежина, опрема за ветеринарен преглед и опрема за складирање на ветеринарно-медицински препарати. |
Прифатливи трошоци кои се однесуваат на сите приоритетни сектори | ||
Бр. | Прифатливи трошоци | Опис |
4. | Градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет), како и пластеници/стакленици, без почвено одгледување и други иновативни системи на производство.
– За инсталација на соодветната опрема; – достигнување на стандарди за заштита на животната средина; – обезбедување на хигиенски и санитарни услови; – достигнување на стандарди за благосостојба на животните; – обезбедување на административен простор; – скалдирање на храна и силажа; – помошни простории (за складирање, гаражи, итн.); – обезбедување на пристап на фарма, уредување и оградување; – постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство. |
Сите материјали кои се користат за изградба на подови, ѕидови и тавански површини, како и сите премази и сврзни смеси кои се користат во капацитети за примарно земјоделско и рибно производствоза преработка и директен маркетинг сопствени земјоделски и рибни производи на ниво на земјоделско стопанство, капацитети за складирање на инпути и финални производи, капацитети за производство на енергија од обновливи извори за сопствено производство, како и административни објекти, лабораториски и санитарни уредувања и инфраструктура кои се однесуваат на производните активности се прифатливи за поддршка. Облоги за ѕид, таван и под, ѕидни и тавански панели, цевки, врати, прозорци, системи за греење и вентилација (климатизација и воздушно прочистување), одвод, канализација, третман на отпад и системи за валоризација на отпад, Елементи за конструкција за водовод и електрична енергија (вклучувајќи генератори) вклучувајќи практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии и инсталација за електрична енергија, доводен и канализационем систем, пумпна станица, артеска бушотина и бунар Столбови направени од дрво, челик, бетон или друг материјал, сидра за заземјување на инсталацијата и ремените, поцинкован челик, жица, рамки изработени од метал, пластични облоги.
Градежни материјали/компоненти за пластеници/стакленици и/или безпочвено одгледување (пластична фолија или панели, треба да бидат за повеќегодишно користење со минимум 200μm). Градежни материјали/компоненти за пристапни патишта и воспоставување на патна мрежа, уредување и оградување на простор. |
5. | Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработки на фарма и директен маркетинг на фарма за сопствено производство:
– Житарици, мелнички производи и производи од скроб; – Овошје и зеленчук вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти растенија; – Шира од грозје, сок од грозје, вино други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет; – Растителни и животински масла и масти; – Јајца, месо и месни производи; – Млеко и млечни производи; – Риба и рибни производи; – Производство на сточна храна. |
Опрема за прием, собирање и складирање.
Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење, дезинфекција, премачкување со восок, класирање, ладење, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали. Опрема за пред ладење, ладење и замрзнување. Опрема за сечење, мелење и подготовка за преработка. Опрема за де-аерација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација. Резервоари, танкови, Опрема за конзервирање, сушење, дехидрација, замрзнување. Опрема за полнење, пакување и етикетирање. Опрема за зашеметување, навлажнување, загревање и вадење на внатрешни органи, опрема за сечење и вадење на коски. Опрема за манипулација, товарање и растоварање, виљушкари, подвижни ленти и опрема за мерење на тежина. Опрема за следење на квалитет, контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција. Опрема за третман на отпад, валоризација, манипулација и складирање. ЦИП опрема за чистење, опрема за преработка, мелачи на грозје, опрема за филтрирање (филтри), пумпи танкови за ферментација и стабилизација, опрема за дестилација, преса за добивање на шира, танкови за зреење, резервоари за складирање и буриња. Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните како што се обезбедување на редовен пристап до свежа вода, хранење, сместување на животните пред колење, чистење на арско ѓубре итн. |
6
6. 6. |
Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка | Опрема за производство на енерегија преку:
• Преработка на растителна биомаса за производство на биогас и/или биогорива. • Сончева енергија, • Ветерници, • Геотермална енергија итн. |
7. | Работи и услуги | Сите потребни работи и услуги поврзани со реализацијата на инвестициониот проект:
• Уривање и демонтирање, • Подговотка на теренот, • Градежни работи, • Реконструкција, • Занаетчиски работи, • Инсталациски работи, • Транспорт и монтажа, • Подготовка на земјиштетото и пристапни патишта, • Садење и расадување. |
8. | Набавка на специјализирани транспортни резервоари и приколки за суровини и готов производ | Земјоделски приколки, цистерни за млеко, разладни резервоари, приколки за превоз на живи животни и живина, транспорт на ѓубриво, опрема за транспорт на биомаса, опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба) итн. (поврзани само со прифатливите производни активности). |
9. | Компјутерска опрема | Компјутерска опрема и софтвер, вклучувајќи и сензори и видео надзор (поврзани со прифатливата опрема и производни активности). |
10. | Општи трошоци | Подготовка на техничката документација, градежни планови и помошни студии, пресметка на трошоци, анализи, пазарни анализи, подготовка на оцена на животната средина, управување со проекти
• Архитекти, • Инженери, • Консултанти итн. Стекнување со патентни права и лиценци, Системи за управување: • ISO • HACCAP • GAP (Добра земјоделска пракса) • GMP (Добри производствени практики) Јавни и информативни материјали • Билборди, • Плакети, • Налепници Покрај тоа, трошоците поврзани со колективните инвестиции може да се прошират и за: – Студии за спецификација за хигиенски стандарди и начинот на производство на квалитетни производи; – Студија за развој на производи и маркетинг за нови производи или слични студии за други производи; – Трошоци за анимација не повеќе од 10% за воспоставување и водење на кратки синџири на храна на одреден производ доставен до локален супермаркет. |