fbpx
Вести

Скопје, намалена цената на лебот

Поефтинува лебот во Скопје. Ова пред два дена го решија членките на мелничко – пекарската групација. Според одлуката, лебот поефтинува од два до пет денари. Причината е ефтиното српско брашно и нелојалната конкуренција. Според Горан Милишиќ од Групацијата, веќе имало дампинг цени на лебот во останатите градови и најверојатно нема да има нови надолни корекции.

skopje namalena cenata na lebot

 

„Пекарите во Скопје, односно големите пекари одлучија да ја намалат цената од два до пет денари за векна во зависнот од грамажата. Поголемиот дел од денеска веќе ја намалија цената, а и Жито Лукс вети дека ќе ја намали цената на лебот“, рече Горан Милишиќ – претседател на мелничко – пекарска групација при Стопанската комора.

Од групацијата велат дека поради ниските цени на српското брашно пред колапс се доведени и мелничарите и пекарите. Тие вчера побараа субвенција од 2,5 денари за мелничарите и 2 денари за земјоделците за да се покрие разликата помеѓу производната и продажната цена на пченицата. Од министерството за земјоделство велат дека ги разгледуваат барањата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close