fbpx
Вести

Слаб интерес за органско производство, расте свеста за здрава храна

organska hrana

Само 0,6 насто од земјоделските површини се под вакви насади, 530- тина фармери се занимаваат со одгледување здрава храна. Според надлежните, најголем проблем е пласманот, извозот е речиси незначителен.

Слаб е интересот за органско производство во Македонија. Само 0,6 насто од земјоделските површини се под вакви насади, 530- тина фармери се занимаваат со одгледување здрава храна. Според надлежните, најголем проблем е пласманот, извозот е речиси незначителен.

„Тоа е резултат на ниската свест кај населението за органската храна, но и на нискиот стандард на населението кое поради тоа што органските производи се поскапи за 30 отсто се одлучува да купува конвенционално одгледани производи. И покрај тоа што за овој тип земјоделско производство се даваат 50 отсто повисоки субвенции од конвенционалното производство, сепак нема некои резултати од тоа“, посочува Васко Ристовски од Стопанска комора на РМ.

Органските производи се во просек за 30 насто поскапи од конвенционално одгледувачите. Но, субвенциите се за 50 проценти повисоки. Сепак земјоделците тврдат дека рак рана им е дистрибутивната мрежа. Храната е со краток род, количините мали, па производителите се принудени сами да бараат пазари- велат познавачите.

„Најголем проблем е пласманот, немаат големи количини, производот брзо се расипува, нема законски обврски да се преработува органската храна“, вели Соња Кушевска од Кариерен центар при Факултет за земјоделство.

Ораганското производство е профитабилен бизнис. Свеста за здрава храна расте, овие продукти се сертифицирани, површината на која се одгледуваат не е третирана со недозволени препарати, растенијата се заштитени од можна контаминација.

„Ако почвата е обработувана на конвенционален начин, тоа бара период на конверзија за да сето тоа преку анализи доведе до сигурен и безбеден производ, а секој од наса сака да се храни безбедно, па преку вакви иницијативи и предавања треба да се направи на некој начин свеста да ја смениме“, апелира Иле Цанев, професор на Земјоделски факултет.

Во Швајцарија има специјализирани маркети за овој вид производи. Данска која одделува 50 милиони евра за стимулирање на земјоделците до 2020-та, 60 насто од храната во училишните установи ќе биде органска, во склад со природата.


 

мртв

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close