fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Слаб интересот за одгледување органска храна

Производителите на органска храна велат дека расте свеста за важноста на органската храна кај нас. Сепак новите генерации и ретко се одлучуваат за производство на истата.

Глобалните предизвици за сигурноста на храната не биле толку сериозни со години, е оценката на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Причина за тоа е пандемијата со Ковид-19 и климатските промени. Најзасегнати се новите генерации кои ќе живеат со директните последици од климатските промени и нефункционалните земјоделско-прехранбени системи, предупредува Организацијата на светскиот ден на храната.

И Македонија не е исклучок од светските трендови. Производителите на органска храна велат дека расте свеста за важноста на органската храна кај нас. Сепак новите генерации и ретко се одлучуваат за производство на истата.

ТРЕБА МНОГУ ПОВЕЌЕ. СМЕТАМ ДЕКА МЛАДИТЕ НЕ СЕ БАШ ТОЛКУ МНОГУ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ОПШТО ПРОИЗВОДСТВО НЕ ПА ОРГАНСКО И СМЕТАМ ДЕКА ТУКА МАЛКУ ПОВЕЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОРАБОТИ НА МОТИВАЦИЈА НА ТИЕ ЛУЃЕ, КАКО ОД ИНСТИТУЦИИТЕ И ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ПАЗАР КОЈ ЌЕ ГО ПОДРЖИ СЕТО ТОА, ВЕЛИ ГОРАН БАЛЕСКИ, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРГАНСКА ХРАНА.

Биодиверзитетот е многу важен смета Неделковски кој се занимава со одгледување на кози и производство на козји млечни производи. Заедно со повеќе производители на органска храна ги претставија своите производи во Public Room и ги споделија предизвиците со кои сега се соочуваат.

ТОА Е ВРЗАН СИНЏИР БИДЕЈЌИ СЕ ЗАНИМАВАМЕ СО ТОА И ГИ СЛЕДИМЕ РАБОТИТЕ НИЕ СМЕ ЗАВИСНИ ОД СТОЧНАТА ХРАНА, СТОЧНАТА ХРАНА ОД ЃУБРИВОТО, А ТОА Е ЗАВИСНО ОД НАФТАТА, ТАКА ШТО ТИЕ РАБОТИ СЕ КОМПЛЕКСНИ, ВЕЛИ ДАВИД НЕДЕЛКОВСКИ, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРГАНСКА ХРАНА.https://telma.com.mk/2021/10/16/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close