вести

До крајот на годината земјоделците треба да ги легализираат фармите

До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти и фарми на градежно земјиште. Со измените на законот, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата треба да се поднесат во општините на живеење.

Досега бројот на земјоделските стопанства кои добиле имотни листови е исклучително мал и поголем број од нив ја немаат искористено оваа законска можност.

Нерегулираниот статус на објектите за земјоделска намена негативно влијае на инвестициите за модернизација и реструктуирање на земјоделските стопанстава како и користење на државната финансиска помош за земјоделството.

Со стекнувањето на имотните листови, исто така фарми ќе добијат и финансиска вредност, која што земјоделците ќе можат да ја искористат за подигнување на кредити за нивно реновирање и обнова.

Воедно, со легализацијата ќе можат да остварат и правото за аплицирање за мерките од ИПАРД програмата и од Националните програми, што ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.

 


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close