fbpx
ВестиТоп вести

Слабиот  рандман  годинава  проблематичен  за оризот

 

На самиот старт од жетвата на оризот во државата  и кај оваа култура состојбата не е на завидно ниво. Оризарите се жалат на низок рандман.

 

Откако ќе се ожнее оризот се носи оризовата арпа во фабриките за доработка попознато како белеење на оризот. Процентот на добиен бел ориз во однос на арпата се вика рандман и токму нискиот процент  односно нискиот рандман годинава ќе биде проблематичен за исплатливоста и профитабилноста на оризо производители. Според кочанските оризо производители годинава рандманот кај најзастапената сорта Сан Андреа е околу 30% што е многу малку. Тоа значи дека ако се ожнеани илјада килограми оризова арпа од нивата од тие по белеењето ќе се добие само 300 килограми бел ориз за продажба. Кај одредени сорти каде е употребен и квалитетен но и скап семенски материјал рандманот годинава се движи најмногу до 40% што велат и тоа е малку бидејќи според сите калкулации на оризопроизводителите се што е под 50% е многу непрофитабилно за оризарите. Слабиот рандман зависи од повеќе фактори кои се случиле во текот на производната година но најголемо влијание според производителите имаат температурите. Дека е лош рандманот потврдува и фактот што ретко која од фабриките за ориз откупува арпа туку сакаат да откупат само ориз кој ќе се добие по завршувањето на белеењето. Откупните цени се иако се движат околу 45 до 48 денари покрупните сорти додека поситните сорти ги откупуваат по 40 до 43 денари за килограм сепак многу малку ориз останува за продажба заради слабиот рандман што ја прави оваа производна година само по приноси слична на ланската. Иако годинава се жнеат по 600 до 800 килограми од декар сепак на крајот останува малку ориз за продажба и тоа ја прави годинава проблематична.

-Најави има од министерството дека до крајот на месецов ќе ги добиеме субвенциите односно оние ветени по 5 денари за килограм за ланската година што многу ќе ни помогнат барем да ги подмириме трошоците за жетва. Жетвата кај оризот е една од најскапите. Еден комбајн ни зема по 10 000 денари за хектар и тоа парите ги бара во кеш и уште толку бараат за да ги изнесат вреќите со ориз во нивите кои се понедостапни и по калливи. Само за споредба кај пчениците жетвата е двојно поевтина. Голем проблем со жетвата има на одредени површини каде заради врнежите полегнаа оризите и сега се бара начин како со старите комбајни таму да се заврши жетвата, вели Стојче Ташовски млад оризо производител од Кочанско.

Ташовски има 26 години и по студирањето во Словенија од пред три години се вратил во родното село да одгледува ориз.

-Млади во мојот регион не има колку на една рака да се изброиме, сите се иселија во Италија и Германија а со ваквите откупни цени и непрофитабилноста на оризот се помалку млади ќе може да се најдат по нивите за работа. Проблеми во ова производство има од сите страни. Слаба ефикасност на препарати или се скапи ако се малку подобри. Водата не се пушта на време па мораме да прскаме дополнително. Кога ќе се пушти нема водари доволно па самите си ја регулираме водата заради што има најчесто кавги и на крајот слабиот рандман и скапите комбајни кои ни бараат кеш пари ни ја одредуваат судбината дали ќе остане нешто за нас додава Ташовски.

Годинава оризот го има на околу 4000 хектари но колку бел ориз ќе има за пазарот допрва ќе се знае. Жетвата е на самиот почеток по што треба оризовата арпа да се просуши па да оди на белеење.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close