Гроздовиот слад или познат како маџун, гроздов мед, гроздов малт и сл е 100 % природен концентрат од дехидрирана гроздова шира од бело или црвено грозје.
За маџунот и неговите лековити и хранливи својства се знаело уште многу одамна, Маџунот како напиток и лек а и како 100% замена за шеќер и други засладувчи им е познат на нашите предци уште пред две илјади години а приказната за маџунот е страра колку и приказната за виното.
Во тиквешијата одсекогаш се употребувал и како замена за шеќер и засладувачи бидејќи го имало во изобилие а самиот шеќер во тоа време бил премногу скап и луѓето неможеле да си го дозволат па оделе на поефтината варијанта на засладување со маџун. Не знаејќи тие секојденвно го употребувале овој божествен напиток кој имал и благотворно дејство врз нивното здравје.
Со донесувањето на кафето и шеќерот во Македонија од страна на турците побогатите фамилии кои можеле да си дозволат уживање на нафето со шеќер маџунот го сметале како алтернатива за сиромашните иако во тоа време маџунот на големо се користел како лек во делови од Турција а нашите предци за истото не биле ни свесни бидејќи кога нешто го имаш и не е конзумирано од богатите се сметало за „просто“ и затоа никој не обрнувал толку големо внимание и не се посветувал на искористување на сите корисни својства на маџунот.
Не постои златно правило кој маџун дали од црвено или бело грозје е повкусен и кој има повеќе корисни својства се зависи од вкусот на луѓето. Постои само едно правило дека поблагите сорти на грозје даваат поквалитетен маџун поради самиот овошен шеќер кој се содржи во грозјето. Од моето лично искуство можам да предложам дека маџунот ид картошија односно денешниот вранец е највкусен можеби и затоа што оваа сорта зрее најрано па и самиот маџун го припремаме уште во почетокот на септември па другите маџуни многу помалку ги вкусуваме.
Луѓето од тиквешијата во своите подруми чуваат маџун стар и по 30 години. Со текот на годините истиот доколнително дехидрира и се згуснува со што неговото лековито својство уште повеќе се зголемува.
Пред повеќе од 10 години маџунот беше и инспирација за познатиот медиум BBC да пишуваа на оваа тема и да информира за лековитите и хранливите својства на маџунот од тиквешијата и неговото производство.
Маџунот беше секојдневен дел од нашата трпеза се до пред дваесетина години, а за рафиниран шеќер во оптшто и не размислувавме. Се додаваше во торти, пудинзи, сутлијач, најпознатата традиционална раванија во слатката подготвени од разно овошје а едно од најпознатие слатка е и рчели кое се приготвува исклучиво од тиква и маџун без никакви додатоци. Некако со „модернизацијата“ и се поголемата достапност на секаков вид чоколади и слатки во продавниците производството на маџун некако и замре, речиси едвај се наоѓаше на трпезите само по тегло до две во фамилија за божиќ. Од друга страна и со забраните за произвотство на зимници на јавни површини сите кои предходно го спремаа почнаа да забораваат на идејата за негово производство.
Во последните неколку години за среќа производството на маџун се враќа и тоа на големо но тука се и ризикот од лажен маџун засладен со рафиниран шеќер заради сега високата цена на производство а и големата побарувачка.
Без некакво знаење исклучиво водени од искуството нашите стари маџунот го користле за лечење на различни болести како анемија или слабокрвност, запек, жолтица, болести на црниот дроб настанати поради претерана конзумација на алкохол, психички растројства и сл. Денес покрај овие болести се повеќе се употребува за болести настанати поради зголемена конзумација на лекови и воопшто за појачување на имунитетот а се помалку се употребува како алтернативен природен засладувач бидејќи премногу се навлековме на рафиниран бел шеќер.
Непостојат несакани дејства од предозирање од маџун но препорачливо е негово конзумирање во мали колични одосно како напиток 3-4 лажици растворени во чаша вода наутро на празен стомак или пред било кој оброк во текот на денот. Поради слаткиот вкус ни дава и ситост со што ја избегнуваме претераната конзумација на храна па се намалуваат шансите за прејадување и дебелеење. Може да се користи и како замена на преливи за овошни салати. Во индустријата се наоѓа голема употреба за производство на природни сокови, засладување на вина и засладување на колачи.
Маџунот од фамилијарната винарија Захарчев од Кавадарци е 100% природрн производ кој е добиен со дехидрација на шира од црвени сорти на грозје. Се употребува со дирекна конзумација или како суплемент во исхраната и нема несакани дејста од претерана употреба. Може да се дава на мали деца и доенчиња а може да се употребува и од повозрасни лица без никакви несакани ефекти. Маџунот е навистина „чистач“ на целиот организам.
Може да се порача на телефон 070 743 742 или со дирекна порака на facebook страницата https://www.facebook.com/WineryZaharchev/
Зелена берза