
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури до минус 10
МЕТЕО АЛАРМ: Денес ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Измерена температура во 07 часот и минимална температура: Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -12°C. По градовите минималната температура е во интервал од -8°C во Крушево до 2°C во Гевгелија.
Утрото променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.
Во Скопје, утрото претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени.