fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Следува стабилно време, со нешто пониски температури од изминатите денови

Денес максималните температури ќе достигнат до 30 степени

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Денес максималните температури ќе достигнат до 30 степени,  а во вторник и среда ќе се намалат и ќе достигнат до 25 односно 26 степени. Потоа следи повторно постепен пораст, до 30 степени во сабота.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close